2012-11-01 15:46:40

Папата на Генералната аудиенција: верата се раѓа и живее во Црквата. Не е приватна работа


Не постои вистинска вера ако не се живее во склоп на Црквата. Бенедикт 16-ти го рече тоа на вчерашната претпладневна Генерална аудиенција, на Плоштадот Св. Петар пред околу 20 илјади верници. Папата го оспоруваше фактот, кој што денес е доста присутен „верата да се негува во приватна атмосфера“.

Верата е „народот“. Верата е „светлина“. Верата не е за да се сокрие зад некој агол, на општеството или на душата. На третата по ред Генерална аудиенција посветена на Годината на Верата Светиот Отец размислуваше на едно прашање: доколку верата e моја (индивидуална), јас ја живеам „сам“?:

„Секако, чинот на верата е всушност внатрешен личен чин, кој се одвива во најдлабоката интимност на човекот и каде означува промена на насоктата, т.е. лично преобраќање: лична егзистенција која добива смисла (...) Но тоа мое верување не е резултат на моето лично размислување, производ на некоја моја замисла, туку тоа е плод од еден однос, од еден разговор, во кој има слушање, примање и одговарање; моето верување е разговорот со Исус кој прави да излезам од моето ’јас’ затворено во самиот себе за да се отворам на љубовта на Бог Отецот“.

Верата, продолжи Папата, не е ниту „приватен дијалог со Исус“: таа е дар кој доаѓа од Бога и доаѓа преку Црквата. „Од самиот почеток“ Црквата е „местото од каде доаѓа верата“, „местото каде се пренесува верата“. За тоа, Црквата не е една „социјална“ установа, туку една заедница вкоренета во Бога, во Исус, во Светиот Дух:

„Нашата вера навистина е лична, само доколку таа воедно е и заедничка: може верата да биде моја, само доколку живее и се одвива во Црквата, само доколку станува наша вера, заедничка вера на единствената Црква (...) Црквата е Мајка на сите верници. ’Никој не може да каже дека Бог го има за Татко, додека не ја има Црквата за Мајка’. Значи верата се раѓа во Црквата, не води кон неа и живее во неа. Тоа е важно да се запамети“.

Објаснувајќи ги овие принципи, Бенедикт 16-ти ги образложи на начин на кој, две илјади години Црквата ги навестува и ги сведочи. Особено, ја истакна важноста на „Традицијата“, која „дава гаранција дека тоа во што веруваме е оригиналната порака Христова, проповедана од Апостолите“:

„Ако Светото Писмо го содржи Словото Божје, е затоа што Традицијата на Црквата го сочувува и верно го пренесува, така што луѓето од секој период би можеле да пристапат на нејзините ресурси и да се збогатат од нејзините ризници на благодат“.

Бенедикт 16-ти заврши со една основна мисла важна за верата: „Во црковната заедница расте и созрева личната вера“. За тоа, новата евангелизација – дискутирана на штотуку затворениот Синод – не е ништо друго туку јавно изразување на таа вера, придружувана од Божјата благодат. За тоа:

„Фактот да се сведе верата во приватна атмосфера се спротиставува на самата природа на верата. Имаме потреба од Црквата за потврда на нашата вера и заедно да искусиме даровите Божји: нејзиното Слово, Светите Тајни, присуствити на благодатта и сведочењето на љубовта (...) Во свет каде што индивидуализмот се чини дека ги реголира односите меѓу луѓето, правејќи ги се покревки, верата не повикува да бидеме Божји народ, да бидеме Црква, носители на љубовта и заедништвото во Бога за целиот човечки род“.








All the contents on this site are copyrighted ©.