2012-10-30 12:13:38

Папата ја предводеше Светата Миса по повод затварањето на Синодот. На ангеловиот поздрав: Новата евангелизација е ќерка на Ватиканскиот концил


Светлината на верата е богатство за човечкиот живот: со овие зборови Бенедикт 16-ти на Неделната Миса на плошадот Св. Петар го затвори 13-от генерален Синод посветен на Новата евангелизација. Во својата хомилија, Папата рече дека Црквата има за задача да евангелизира и дека тоа е должност на сите христијани со радост да го навестуваат Евангелието. Во молитвите на верниците се измоли една и на арапски јазик за мир во Сирија и на Блискиот Исток.

Вартимеј е моделот кој Бенедикт 16-ти го насочи на современиот човек кој ја изгубил надежта и смислата за егзистенција. Вартимеј, слепиот од Евангелието по Марко, е оној кој го изгубил видот, т.е. светлината на верата, но свесен е за тоа и му се доверува на Господа, повратувајќи си ја „полнотата на сопственото достоинство“ и стана Исусов ученик:

„Вартимеј претставува човекот кој има потреба од светлината Божја, светлината на верата, за да навистина ја спознае реалноста и да оди по поатот на животот. Од суштинско значење е да признаеме дека сме слепи, дека имаме потреба од оваа светлина, иначе ќе останеме слепи засекогаш“.

Но Вартоломеј не само што е слеп: тој е исто така и просјак, личност која изгубила големо богатство. Неговата состојба „нè тера да размислиме – рече Папата – нè повикува да размислиме околу фактот дека постојат богатства во нашите животи кои може да ги изгубиме, а да не се материјални“:

„Вартимеј би можел да ги претставува оние кои живеат во старата традиционална евангелизација, каде што светлината на верата е ослабена, и оддалечени се од Бога, не прифаќајќи го повеќе како важен за нивниот живот: личности кои всушност изгубија големо богатство, кои ’паднаа’ од високо достоинство - не онаа економското или од земската власт, но од онаа христијанското – го изгубија сигурниот и цврстиот ориентир на животот и станаа, несвесно, просјаци за смислата на егзистенцијата. Многумина се оние кои имаат потреба од новата евангелизација“.

„Новата евангелизација се однесува на целиот живот на Црквата“, нагласува Светиот Отец мислејќи на Синодот што штотуку се затвори. Папата предложи три пасторални црти: првата се се однесува на важноста на Светите Тајни и повикот на светост:

„Вистинските протагонисти на Новата евангелизација се Светците: тие зборуваат на јазик разбирлив за сите со примерот на своите животи и со делата на љубовта“.

На второ место, Новата евангелизација треба да се поврзе со мисионерството, „да се обнови мисионерската динамика каде што протагонисти пред сè се свештените лица и верниот народ“:

„Сите луѓе имаат право да го спознат Исус Христос и неговото Евангелие; а тоа е должност на сите христијани – свештениците, монасите и верниците -, да ја навестуваат Добрата Вест“.

Под трето, рече Бенедикт 16-ти, „Црквата обраќа посебно внимание“ кон оние кои се крстени а не ја практикуваат христијанската вера, за да ја „откријат радоста на верата“:

„Црквата бара да се адаптира исто така на некои нови методи, негувајќи нови јазици, блиски на различни култури од светот, објавувајќи ја Христовата вистина со дијалог и пријателство кои имаат основа во Бога кој и Самиот е Љубов“.

Од друга страна, заклучи Светиот отец, новите евангелисти имаат една карактеристика: радососни се во срцето, затоа што таа радост доаѓа од средбата со Христос. Светиот Отец нш повикува – според Св. Климент Александриски – „да се избрише заборавот на вистината; игноранцијата“, за „да се виде висинскиот Бог“.

На Ангеловиот поздрав, потоа, Светиот Отец размислуваше за Синодот како „момент на црковната заедница“ која овозможува да се „доживее убавината да се биде Црква“ во денешниот свет, „со своите подвизи и својата надеж“. Потврдувајќи ја потребата за „обновено навестување на Евангелието во секуларните општества“ и обврската „за духовното обновување на истата Црква“, Папата објасни дека ќе се потруди да ги разработи сите предлози на Синодот.








All the contents on this site are copyrighted ©.