2012-09-24 09:59:48

Бенедикт XVI: политиката има потреба од етикa


Граѓанската и политичка активност треба да се потпираат на "здрава етичкa основа": тоа го истакна Папата на аудиенцијата за претставниците на Христијанската интернационала, која се одржа во апостолската резиденција во Кастел Гандолфо крај Рим. Говорот на Папата беше фокусиран на одговорноста на политичарите, особено верниците, во службата на општото добро.

"И денес го слушаме предупредувањето од Книгата на Мудроста Соломонова, според која" судот над лидерите е строг " истакна Папата. Ова не е застрашувачко предупредување, туку со цел да ги поттикне и охрабри властите, на секое ниво, да ги користат сите свои можности за доброто, според мерката и мисијата, која Господ ја има доверено на секого ".

Недостатокот на етика, особено во економската област, дополни Светиот Отец, придонесе за создавање на актуелната глобална финансиска криза ". Оттука и неговиот повик за политика, која гледа кон "основните потреби на човекот" и не ги слуша "бројните и бучни предлози за избрзани и површни одговори со краток живот":

"Вашиот политички и институционален придонес не треба да биде ограничен во одговори на итните потреби на логиката на пазарот, туку да продолжи да биде во потрага по општото добро, промоција и заштита на неотуѓивото човечко достоинство".

Папата конкретно ги посочи и оние вредности за кои е повикан во политиката христијанинот: "почитување на човечкиот живот во сите негови фази - од зачнување до природната смрт, отфрлајќи ги абортусите, евтаназијата и евгеничните практики - како и почитување на бракот, како неразрешлив сојуз помеѓу еден маж и една жена и основа на семејството":

"Вистинскиот напредок на човековото општество е поврзан со политики за заштита и промоција на бракот и општеството кое потекнува од него - истакна Папата. Политики за почитување не само Земјите, туку и на целата меѓународна заедница со цел да го промени трендот на растечката изолација на поединецот, што предизвикува страдање и истоштување не само поединците туку и на целата заедница ".

Конечно Папата го поттикна присуството и активностите на христијаните во општеството, како се "ферменти за подобрување на човечките односи и условите за живот": "Овој ангажман не треба да се попушта на притисок и слабее, а токму спротивното, да се шири со обновена виталност и устоява на влошување си проблематиката околу нас ".







All the contents on this site are copyrighted ©.