2012-09-20 17:31:30

Папата на генералната аудиенција: христијаните и муслиманите заедно против поделбите и војните


Светот има потреба од силни и јасни знаци на дијалог за помирување. Настапува моментот христијаните и муслиманите да дадат заедничко, искрено и решително сведоштво против поделбите, насилствата и војните. Ова беше еден од главните акценти во катехезата на Папата за време на генералната аудиенција во ватиканската аула "Павле VI " на која потсети исто така и за најважните моменти од неговата апостолска посета на Либан пред неколку дена. При посетата на земјата на кедрите, Папата ги повика Либанците да бидат "пример" за разбирање на Блискиот Исток и во светот.

Потсетувајќи на средбите за време на тридневната посета на Либан, Папата се задржа на "срдечното гостопримство" прикажано исто и од оние кои го исповедаат исламот:

"Муслиманите ме примија со голема почит и искрено почитување; нивното постојано присуство ми даде можност да испратам порака за дијалог и соработка меѓу Христијанството и Исламот: мислам дека дојде моментот да се даде вкупно, искрено и решително сведоштво против поделбите, против насилството и војните ".

Папата се задржа и на Морето од илјадници млади на плоштадот пред маронитската Патријаршија. Средба, посочи Папата, која на емблематичен начин ги усвои "боите на пријателството и солидарноста":

Тука, рече Папата, се наоѓаат "семенцата на надежта и мирот за Либан и не само". Папата потсети и на целта на неговата апостолска посета, во ова место на тешка и комплицирана приказна:

"Тоа беше посета која ја сакав силно, без оглед на тешките околности, имајќи во предвид дека еден татко секогаш треба да биде во близина на своите чеда, кога ќе се соочат со тешки проблеми. Бев поттикнат од силна желба да го објавувам мирот кој Воскреснатиот Господ им го остави на своите ученици, велејќи им: "Мојот мир ви го давам."








All the contents on this site are copyrighted ©.