2012-09-13 09:29:09

Бенедикт XVI: христијанството е некомпатибилно со песимизмот, доброто секогаш победува


Како христијани не треба никогаш да губиме надеж, иако ги среќаваме во животот насилството, омразата и прогонувањето, бидејќи знаеме дека Бог секогаш победува. Ова истакна Папата Бенедикт XVI во катехистичната беседа на генералната аудиенција. Таа беше посветена на молитвата во вториот дел на книгата Откровение на Свети Јован со која продолжи серијата предавања за молитвата. "Бог не е безчувствен кон нашите молитви", уверува Папата, говорејќи дека "злото не победува над доброто" и дека силата Божја ги променува плановите на ѓаволот. "Пред злото имаме чувство дека сме беспомошни, но токму преку молитвата, силата Божја ја прави плодна нашата немоќ".

Книгата Откровение на Свети Јован започнува со "голема литургиска молитва на заедницата", интензивна, со сложени симболи, "Ве повикувам да се открие исклучителната и преобразување сила", на Евхаристијата, појасни Папата. Затоа ги повикува верниците да бидат верни на неделната литургија во Денот Господов, кој е "вистинскиот центар на неделата!". Поука во оваа библиска книга, истакна Папата, е да знаеме "да читаме во длабочината на историјата", која живееме ", која не учи да ги разграничуваме со очите на верата настаните во животот, за да соработуваме со нашите активности во развојот на Царството Божјо ".

Меѓу симболите во книгата Откровение, кои ни помагаат да ја "читаме историјата", Папата го посочи "тронот на кој седи Бог", кој на мистериозен начин го прави неговиот глас да биде слушнат во историјата; "книгата" ја содржи неразбирливо Божјата промисла за историјата и луѓето; "Јагнето", умрениот и воскреснат Христос, кој може да ја отвори "Божјата промисла и длабоката смисла на историјата":

"Црквата живее во историјата, не се затвора во себе, а храбро одговара на мапата и патот меѓу тешкотии и страдања, потврдувајќи со сила дека злото не го победува доброто дека мракот не го замаглува Божјиот сјај. Затоа, како христијани не можеме да бидеме песимисти, знаеме добро дека по патот на нашиот живот често се сретнуваме со насилството, лагата, омразата, прогонот, но тоа не не обесхрабрува ".







All the contents on this site are copyrighted ©.