2012-09-05 18:40:39

Папата на генералната аудиенција: Бог е присутен дури и во мрачните моменти на човечката историја


Христос е тој кој ја држи во рацете судбината на Црквата и единствениот начин на кој христијанинот може да разбере насоката е молитвата. Ова го посочи Папата Бенедикт XVI во катехистичната беседа за време на генералната аудиенција која ја посвети на Книгата Откровение, продолжувајќи ја серијата на катехистични предавања посветени на молитвата. Денес, истакна Папата своето обраќање пред осумте илјади верници и поклоненици, собрани во ватиканската сала "Павле VI, " сме "зафатени од многу зборови и сме помалку подготвени да го слушаме она што Бог ни кажува". Нашата молитва, продолжи Папата, "треба да биде пред се слушање и фалење на Бога, а не само како што е во принцип една молба".

Во мрачните моменти на животот, ако се молиш ќе добиеш утеха и ќе се научиш да го сакаш Бог и да го чувствуваш пријателството на Исуса. На овој начин молитвата ќе стане дел од животот во една постојана динамика на љубов која го менува животот. Ова е пораката, испратена од Папата, што книгата Откровение, ја упатува до сите нас. Папата се задржа на структурата на последната книга од Библијата, претставувајќи ги систематски трите фази кои го сочинуваат нејзината прв дел (От. 1,4 -3,22). Во првата фаза, рече Светиот Отец, главните актери се Собранието и читачот, кој доставува пораката доверена од Исуса на евангелистот. Во овие први страници од книгата молитвата на собранието е едно од централните места во расказот: молитва, која се претвора во "слушање на Бог, кој зборува":

"Нашата молитва треба да биде пред се слушање на Бог, кој ни зборува. Опкружен со многу зборови, кои не сме навикнати да ги слушаме. Пред се да сме предиспонирани внатрешно и надворешно за тишината, да сме внимателни во она што Бог сака да ни каже. Првите страници од книгата Откровение не учат дека нашата молитва, која често е само една молба, треба да биде пред се воспевање на Бога за неговата љубов, за дарот на Исус Христос, кој ни го дарува со сила, надеж и спасение".

"Зграпчи од Христовата љубов", Собранието бара да "го долови Неговото присуството во нејзиниот живот". Прифаќајќи го Бога, истакна Папата, Тој и се јавува како "почеток и крај на историјата", "учесник со Неговата љубов во човечките судбини" од минатото и иднината "до крајот на времињата".







All the contents on this site are copyrighted ©.