2012-08-20 09:43:02

Бенедикт XVI на Ангел Гоподов: Исус пченично знрно во браздите на историјата не тежнееше за земјен престол


Исус “пченично зрно фрлено во браздите на историјата“. За тоа зборување Папата на Ангел Господов рецитирано од Апостолската Палата на Кастел Гандолфо, каде што престојува за време на својот летен одмор.

Во множењето на лебовите и рибите значењето на Исусовото доаѓање. Тој самиот објасни наредниот ден за чудото зборувајќи во синагогата во Капернаум. Бог Отец го испрати својот Син “како Леб за вечен живот, и овој леб е неговото тело, неговиот живот, дадено како жртва за нас“.

“Значи се однесува да го примиме со вера, а не да се скандализираме од неговата човечност; и се однесува да се јаде неговото тело и пие неговата крв, за да ја имаме во самите себе полнотата на животот“.

“Оваа дискусија не е направена за да привлекува согласности“ рече Бенедикт XVI. “Народот, и самите ученици, беа ентузијасти од Него, кога правеше чудесни знаци“ и после тоа чудо “толпата посакуваше да го однесе Исус на тронот и да го прогласат цар на Израелот:

“Ама тоа не беше вољата на Исуса, што со оној долг говор ги разби ентузијастите и предизвика многу несогласувања“.

Кој сака да го следи Исуса “треба да се соедини со Него на персонален и длабок начин“.

“И зато Исус ја воспостави на последната Вечера Светата Тајна Еухаристија: бидејќи своите ученици моќат да имаат во себе неговата добротворност и, како едно единствено тело обединето со Него, се прдолжи во светот неговата тајна на спасението“.

“Народот сфати дека Исус не беше Месијата кој тежнееше на еден земјен престол“.

“Исус го направи овој говор за да ги разочара толпите народ и, особено, за да предизвика една одлука на своите ученици, Всушност, многу од нив, од тогаш, не го следеја повеќе“.

Значи, поканата од Папата: “да дозволиме да бидеме воодушевени од зборовите на Христос“.

“Тој, пченично зрно фрлено во браздите на историјата, е првенец на новото човештво, ослободена од корупцијата на гревот и смрта“.

Така, “да ја откријеме – заврши со својата катехези Бенедикт XVI – убавината на Светата Тајна на Ебхаристијата, која ја изразува целата човечност и Божјата светост“:

“Неговота понизност да стане толку мал, фрагмент на универзумот за целосно помирување во љубовта“.

После искажувањето на Ангел Господов, во поздравите на различни јазици, Папата испрати посебен поздрав до Патријархот на Москва е на сите Рисии Кирил I, во овие денови гостин на Полската Православна Црква, посета која “исто така вклучуваше и сосрети со католички бискупи и заедничкото соопштение за желбата да расте братската униа и во соработката во ширењето на Евангелските вредности во модерниот свет“.








All the contents on this site are copyrighted ©.