2012-08-06 10:38:01

Папата на Ангел Господов: Господ бара од нас да не бидеме загрижени само за материалноста него и повеќе


Верата во Исус Христос не е една идеја, но е средба со жив човек кој дава значење на нашето постење: ова го потенцираше Бенедикт XVI на Нагел Господов од Замокот Гандолфо. Папата ги повика верниците да не дозволатр да бидат асорбирани од секојдневнитегрижи. Дури и во најтешките денови полни со проблеми, рече тој, да не заборавиме да растеме диховно со Господа.
“Исус – рече Папата – не повикува да не застанеме на човечките хоризонтот“, но да “се отвориме према на Господовит хоризонт, на хоризонтот на верата“. Коментирајќи го неделното Евангелие, каде што народот го барат Исуса само затао што направи чуда, Папата истакна дека Господ сака да помогне на народот да одат “подалеку од непосредното задоволство на нивните материални потреби, иако многу важни“:
“Тој сака да се отвориме на хоризонтот на постоење кој не е едноставно оној на секојдневна загриженост за јадење, облекување, кариера, Исус зборува за храната која не исчезнува која е важна за да се бара и прима“.
Мојсеј, рече Папта, им даде мана на Израелот, леб од небото. Исус пак, “не дава нешто, него се дарува самиот Себе: Тој е вистинскиот леб што слезе од небото“:
“Исус вистински леб на нашиот живот кој ја ја задоволува нашат глад во свитинска смисла, не може да се зарботи со човечки труд, ни доаѓа само како дар одБожјата љубов, како дело од Бога које се бара и се добива“.
Во деновите, “полни со грижи и проблеми, но исто така и во оние на одмор и релаксација – додаде тој – Господ не поканува да не заборавиме дека ако треба да се грижиме за секојдневниот материален леб и да ги наполниме сликте, уште поважно е да расте односот со Него“, леб на животот кој го исполнува нашето чуство на вистината и љибовта“:
“Центарот на постоењето, кој дава смисла и цврста надеж на често тешкиот пат во животот е верата во Исуса, е средбата со Христос“.
Овде не се работи, доаде, “да се следи една идеја, проект, но да се сретне Исус како жива Личност, да се препуштиме да бидеме вклучени целосно од Него и од неговото Евангелие“. Верата во Него е вистинската основа “за да се има вистински живот“. Значи, во денот во кој Црквата ја слави прославата на посветеноста на Базиликата Света Мариа Маѓоре, се осврнува на Дева Марија да не “подржува на нашиот пат на верата“.







All the contents on this site are copyrighted ©.