2012-06-26 10:42:16

Папата се среќава со лидерите на ватиканските институции за враќање на мирот и довербата во Римската Курија


"Во контекст на сегашната ситуација, последица на ширењето на некои тајни документи, Светиот Отец го продлабочува дијалогот со луѓето кои ја делат со него одговорноста за раководството на Црквата". Со овие зборови директорот на ватиканскиот прес-отец Федерио Ломбарди, го објасни пред новинарите поводот за средбата меѓу Папата и шефовите на ватиканскиот министерства, што се одржа утринава во салата Болоња во Апостолска палата. Отец Ломбарди потсети дека минатата сабота Папата побара да биде информиран за текот на истрагата, доделена на посебна кардиналска комисија под водство на кардиналот Хулио Херанц. Денешната средба, додаде ватиканскиот Портпарол, беше посветена на "прашањата поврзани со добрата координација на Римската Курија, која е важна за сведочат на единствениот дух во ватиканскиот институции". Отец Ломбарди изјави дека попладне во 18.00ч. Папата ќе се сретне и со уште петмина кардинали: Џорџ Пел, Марк Уеле, Жан Луј Тора, Камили Руини и Јозеф Томко. "Нивното долго и разновидно искуство во служењето на Црквата, не само во ватикански, туку и во меѓународен контекст, тие можат да бидат корисни со своите мислења и совети за враќањето на мирот и довербата во Римската Курија", додаде отец Ломбарди. Во следните денови Бенедикт Шеснаесетти ќе ги продолжи своите состаноци, користејќи го присуството во Ватикан на многуте црковни пастири по повод празникот на св. Петар и Павле, рече за крај ватиканскиот Портпарол.











All the contents on this site are copyrighted ©.