2012-06-26 11:12:51

Конгрегацијата за Католичко Образование објави прирачниk за свештеничките редови како одговор на секуларизацијата и на скандалот од сексуалните злоупотреби


"Грижата за Божјиот повик е постојан предизвик за Црквата": со овие зборови започнува документот на Конгрегацијата за Католичко Образование, кој беше претставен на прес-конференција во Ватикан. Насловен како "пастирски прирачник за промовирање на повиците на свештеничките редови", документот го наведува и контекстот во кој "не можат да бидат премолчани тешките негативни последици" од сексуалните злоупотреби на црковни службеници, како и процесот на секуларизација. На прес-конференцијата учествуваа префектот на Конгрегацијата за Католичко Образование, кардиналот Зенон Грохолевски, секретарот на Монс. Жан-Луј Бруже и подсекретарот Монс. Анџело Зани.


"Грижата за повикот е постојан предизвик за Црквата и затоа треба да понудиме една јасна идеја за сликата на свештеникот и неговата важна улога во Црквата", рече кардиналот Грохолевски.

Од изнесените податоци лак Западот со помалку свештенички редови, иако "пастирските структури и креативност", додека во другите континенти се забележува зголемување ", и покрај ограничените средства".

"Во Африка се зголемува од речиси 21 илјада кандидати за свештеници во 2001 година. до речиси 27 илјади во 2010 ", посочи Монс. Зани. "Во Азија во 2001 свештеничките редови биле 26.433, а во 2010 да над 33 илјади".

Со оглед на овие бројки Западот е означен со "незапирливото барање на материјалните добра", нарушен од "постепено маргинализирање на свештеникот" и "премногу активизам", на кои понекгоаш подпаѓаат дури и свештениците, но најмногу со "кризата на семејството". На сето тоа се препишува и "забуната предизвикана од сексуалните злоупотреби извршени од црковни службеници". Затоа документот нуди конкретни препораки меѓу кои и "проверка на сигурноста на кандидатите за свештенички живот", како и исклучувањето на "субјекти означени од длабоки човечки повреди".

Како главни референци во пастирската работа за свештенички редови се наведува пред се молитвата, како "длабока лична врска со Бог". Исто така катехизата, волонтерската активност, училиштето, слободното време и спорт: се’ може да биде благодатна почва за одговор на основните прашања и избор во животот, кои го засегаат секој млад човек.


Во одговор на новинарските прашања кардиналот Грохолевски потсети на зборовите на Светиот Отец: "Луѓето сакаат од свештеникот да биде експерт во верата. За другите области има други експерти ". На прес-конференцијата се насочи и кон нова реалност за свештеничките редови: интернет. Во врска со сто годишнината од формирањето на Конгрегацијата, која ќе биде свечено одбележана во 2015г. беа објавени различни иницијативи.








All the contents on this site are copyrighted ©.