2012-06-26 10:39:23

Грег Бурке советник за комуникации во Државниот ватикански секретаријат


Американскиот новинар Грег Бурке наскоро ќе започне со работа како советник во комуникацијата во Државниот ватикански секретаријат. Ова го соопшти директорот на ватиканскиот Прес Центар, отец Федерико Ломбарди. "Неговата задача ќе има за цел да придонесе за подобрување на комуникацијата во работата на Државниот ватикански секретаријат и да се грижи за односите меѓу Ватиканскиот Прес и другите информативни служби на Светата Столица", додаде ватиканскиот портпарол. 52 годишниот Буркее член на црковното движење "Опус ДЕИ", работел како дописник за списанието Time, а до овој момент дописник на Fox news во Рим.








All the contents on this site are copyrighted ©.