2012-06-21 17:46:32

Папата упати апел за прекин на насилството во Нигерија и заштита на верската слобода



Со „длабока загриженост“ Папата ги следи вестите за насилството во Нигерија, "каде што продолжуваат терористичките напади насочени пред се кон христијани". Тоа го изјави самиот Папа на генералната аудиенција во ватиканската аула "Павле Шести" каде упати силен апел за прекин на насилството во Нигерија и ја упати својата "молитва кон Бога за жртвите и за сите пострадани":

"Испраќам апел кон одговорните на насилствата да престанат веднаш со пролевањето невина крв. Освен тоа, повикувам кон целосната соработка помеѓу различните социјални слоеви во Нигерија, за да се избегне одмаздата и граѓаните да придонесат во градењето на едно мирно и општество во кое треба да биде заштитено правото за слободно исповедување на сопствената вера ".

Во катехистичната Разговор Папата се задржа на молитвата на Св Павле, обрати посебно внимание над првата глава од Посланието до Ефесјаните, кој започнува со благодарствената и благословната химна кон Бога. Папата истакна дека нашата молитва е повик за помош при потреба, но таа мора пред се’ да биде славење ", повод да му се заблагодариме на Бога". Молитвата, истакна Папата ", ги прочистува и очистува нашите желби", но исто така и "нашите срца". Кога молитвата го храни духовниот живот, продолжи Светиот Отец, ние сме способни "да се сочуваме со она што Свети Павле нарекува" тајна на верата со чиста совест ":

"Молитвата, како начин за да се навикнеме да бидеме заедно со Бога, „раѓа“ мажи и жени инспирирани, не од себичноста, или желбата за поседување, или пак од жедта за власт, туку од несебичноста, од желбата да сакаат, од жедта да служаат, инспирирани од Бога. Само така може да се роди светлина во мракот кој владее во светот ".

Бог, посочи Бенедикт Шеснаести цитирајќи го Апостолот на народите, не повика кон животот, кон светоста. "Овој избор - продолжи тој - претходи дури созданието на светот. Ние од вечноста сме во Божјиот промисла, во Неговите мисли ".

"Повик на светоста, односно во заедништвото со Бога, е дел од вечната Божја замисла, кој се протега во историјата и ги вклучува сите мажи и жени во светот, бидејќи е еден универзален повик. Бог не исклучува никого, бидејќи Неговиот замисла е замисла единствено на љубов ".

Папата стави акцент и на убавината на Создавањето, која се издвојува во креациите, како пее Свети Франческо од Асизи:

"Неопходно е да бидеме внимателни, особено во овој период на летните одмори, на убавината на створението и да успеме да го препознаеме во оваа убавина токму Божјиот лик".

За време на поздравите на различни јазици на присутните верници и поклоненици, Папата се обрати особено на групи од италијанските градови Банцано и Алвин кои дојдоа во Рим посебно за отворањето на Годината на Свети Роко и осумстотата годишнина од чудото на Ластовичките на Свети Франческо од Асизи. И за крај, потсетувајќи дека јуни е посветен на побожноста на Пресветото Срце Исусово, Папата ги повика младите да "научат да сакаат, следејќи го примерот на тоа божествено срце".








All the contents on this site are copyrighted ©.