2012-06-20 12:16:08

Папата на Ангел Господов: Царството Божје е дар кој има потреба од нашата соработка


Големината на Божјата љубов, која "преобразува она што изгледа незначително". Тоа беше центарот во краткото размислување на Папата Бенедикт XVI за време на неделната молитва Ангел Господов, кое се однесуваше на евангелската парабола за синаповото семе. При поздравите на различни јазици на илјадниците верници и верници на плоштадот Свети Петар, Светиот Отец потсети за претстојниот Светски Ден на бегалците, кој меѓународната заедница ќе ја одбележи на 20 јуни, затворањето на 50-тиот Светски Конгрес на Евхаристијата во Даблин и беатификацијата на девојката Чечилија Еузепи.

„Слабоста е силата на семето, смртта му е неговата моќ": така Папата го истакна суштинското значење на Христовите параболи за семенцата на земјата, предложени од неделното Евангелие. Зрнцето, што расте, дури и земјоделец да спие, и синапово семе, најмалото меѓу сите семиња, се метафори за Царството Божје, појасни Бенедикт XVI:

„Една човечка мала реалност, составена од оној што е сиромашен во срцето, кој не се надева во својата сила, туку во љубовта Божја, на оној кој не е важен пред очите на светот; сепак, токму преку нив во светот навлегува во светот и го преобразува она што е наизглед незначително".

„Дури и да ја бара нашата соработка - истакна Папата - Царството Божје е пред се дар од Господа“. Тоа се забележува јасно во „постоечкиот контраст меѓу незначителноста на зрното и големината на неговите плодови“:

„Нашата мала сила, наизглед слаба пред проблемите во светот, ако е положено во Божјата сила, нема да се исплаши пред пречките, бидејќи е уверена во победата Господова. Тоа и чудото на Божјата љубов, која цвети и му овозможува на секое зрненце на доброто да расте на земјата“.

„Сегашноста е време на сеидба - истакна Бенедикт XVI - а растот на семенцето е гарантиран од Господа“:

„Тој е Господар на Царството, а човекот е негов смирен соработник кој созрева и се радува на божествената творителна активност и со трпение ги очекува подовите. Крајната жетвата е последното дело Божје при крајот на времињата кога Тој ќе го реализира целосно своето Царство".

И ако синаповото семе е толку малку, тоа е „полно со живот, од неговата смрт, се раѓа мало, кое кога ќе порасне бидува „најголемо од сите растенија во градината“:

„Затоа, секој христијанин знае добро дека треба да направи се што е во неговата моќ, но дека крајниот резултат зависи од Бог: тоа сознание го поддржува во секојдневните напори, особено во тешките ситуации. Свети Игнатиј Лојолски пишува: „прави така како сето тоа да зависи од тебе, знаејќи дека всушност се зависи од Бог“.

По молитвата Ангелов Поздрав, Папата потсети за Светскиот ден на бегалците, под иницијатива на ОН, кој ќе биде одбележан на 20 јуни. „Целта на овој ден - потсети Папата - е да го привлече вниманието на Меѓународната Заедница кон условите за живот на многу луѓе, особено на семејствата принудени да ги напуштат своите земји поради воените конфликти и сериозните облици на насилство“:

„Ве уверувам дека овие протерани браќа и сестри се во мојата постојана молитва и постојаната загриженост на Светата Столица. Повикувам нивните права секогаш да бидат почитувани и наскоро ќе можат да се соединат со своите блиски".

Папата се обрати и кон учесниците во завршното настан на 50-тиот Меѓународен Конгрес на Евхаристијата во Даблин:

„Во Св.Таинство на Св. Евхаристија Исус сакаше да остане со нас, за да влеземе во заедништво со Него и помеѓу нас. Да и ги принесеме на Пресвета Дева Марија плодовите од овие денови на молитва и на подлабоко размислување".

Папата потсети и беатификацијата во италијанскиот град Непи на Чечилија Еузепи, починала на само 18 годишна возраст:

„Оваа млада жена која силно сака да стане сестра мисионерката, беше принудена да го напушти манастирот поради тешка болест, која поживеа со непоколеблива вера, покажувајќи во последните денови од својот живот голема способност за жртва за спасение на душите во длабоко единство со распнатиот Христос. Таа постојано повторува: „Убаво е да му се подари на Исус, кој се дарува за нас".

На англиски јазик Папата ги поттикна верниците „ да му се молат на Бога, да ги преобрази нашата немоќ и искрени желби во големи дела на љубов". На шпански, ги повика сите да “разберат дека учеството во таинствата и постојаната молитва даваат вредни плодови на верата“. На полски Папата потсети дека на 15 и 16 јуни Католичката црква го слави литургиска празникот на Пресвета Срцето Исусово и непорочното срце на Блажена Дева Марија, и сакаше „да се научиме од Божественото Срцето на Исус, трансфузија од добрина и љубов, на сочувство на потребите на другите








All the contents on this site are copyrighted ©.