2012-06-15 11:08:40

Папата го прими директорот на ФАО: да се заложи да се искорени гладот ​​во светот, има доволно храна за сите


Бенедикт XVI го прими утрово, новиот генерален директор на ФАО, Жозе Грацијано да Силва. За време на срдечните разговори, според забелешката на прес-службата на Ватикан , „беше високо оценета посветеността на Светата Столица и на Католичката црква за борбата против гладот и сиромаштијата, особено во Африка, и кон решавањете на загрижувачката состојба на светот со безбедност на храната“. Затоа, стои во изјавата во продолжение", „се покажа рилевантно дека, иако постојат доволно ресурси за да се задоволат потребите за храна на целиот светот, продлжуваат да постојат економските, социјалните и политичките пречки, кои ги спречуваат задоволувањето на тие потреби“. И за крај, се резимира во изјавата, „се надева дека руралниот сектор ќе се врати кон својата примарна улога во развојот на стратегиите за развој, кои промовираат одржливи модели на земјоделското производство и потрошувачка на храна и дека таа обезбедува поголема праведност и ефикасност во управувањето со системот за исхрана“.







All the contents on this site are copyrighted ©.