2012-05-25 09:15:02

Папата прими две делегации, бугарската и македонската, за празникот Свети Кирил и Методиј


Бенедикт 16-ти на две одделени аудиенции ги прими делегацијата на Бугарија, предводена од новоизбраниот претседател Росен Плевнелиев, и делегацијата на Македонија, на чело со премиерот Никола Груевски. Како секоја година, двете делегации беа примени во Ватикан по повод празникот на заштитниците на Европа, Свети Кирил и Методиј, кој според јулијанскиот календар се слави на денешен ден - 24 мај. Двата Светци, браќа по крв и вера, едниот монах, другиот епископ, по потекло од Солун, кој во деветиот век беше дел од Византиското царство, беа првите кои го ширеа Евангелието во источна Европа, особено во регионите на Панонија и Моравија, населени од словенски народи за кои Кирил измисли азбука (кирилицата) со чие писмо можеше да се преведи Библијата. По утринските аудиенции, како и обично, аџилакот продолжи кон римската базилика Свети Климент, каде што се наоѓа гробот на Свети Кирил, кој починал во Рим додека ги донесе како дар до папата моштите на Свети Климент, кои порано се наоѓале во Кримеа.








All the contents on this site are copyrighted ©.