2012-05-21 13:21:32

Папата Бенедикт 16-ти на Ангеловиот поздрав повика на молитва за жртвите од атентатот и земјотресот во Италија, та и за католиците во Кина


Болка за „кукавичкиот атентат“ во учелиштето во Бриндизи и молитва за населението од Емилија Ромања кои беа погодени од земјотресот. Светиот Отец исто така размислуваше и за значењето на празникот од Вознесението Господово, кој во многу земји вчера беше прославен. Потоа папата спомна за Светскиот Ден на Социјалните Комуникации, поздравувајќи ги католиците во Кина по повод литургискиот спомен на Блажената Девица Марија, која е почитувана на посебен начин во Шангај. На крајот Папата го поздрави италјанското Движење за Живот, кои беа собрани во Аулата Павле 6-ти, за продолжување и поддршка на „културата на животот“ . Ги поздрави и верниците кои беа присутни на Плоштадот св. Петар.

Веста, која Италија ја обви во голема тага, се распозна во збороовите на Бенедикт 16-ти, во молитвата на плоштадот св. Петар:

„За жал, овде денес треба да се сетам на девојките и момчињата од учелиштето во Бриндизи, кои беа жртви на еден безмислен напад. Заедно да се молиме за повредените, помеѓу кои некои и сериозно повредени, а особено за младата Мелиса, невина жртва на едно брутално насилство и за нејзините најблиски, кои се во болна тага“.

Шокантна беше глетката од раздвиженоста на верниците и зелените траки, со натписот: „Збогум Мелиса“. Папата потоа се сети и на населението од Емилија Ромања која пред само неколку часа беше погодена од земјотрес“:

„Духовно сум близу до оние кои ја претрпеа оваа катастрофа: да бараме милост од Бога за починатите и утеха за повредените кои страдаат“.

Светиот Отец исто така рече неколку зборови и за Вознесението Исусово на небото, т.е. Христовото враќање „кај Отецот, од каде што беше испратен на светот“. Тоа го означува „исполнувањето на спасението започнато со Воплотувањето“: како што Исус „слезе од небото и за нас страдаше и умре на крстот, така за нас воскресна и се возвиши до Бога, така што не е повеќе далеку, но Тој е нашиот Бог, нашиот Отец“. Затоа Вознесението е – објасни Светиот Отец – последниот чин на нашето ослободување од јаремот на гревот“:

„Вознесението ни кажува дека нашата човечка природа е доведена до височините на Бога, секогаш кога се молиме, земјата допира до Небото. Како што темјанот миризливиот дим го издига високо, така, кога ја упатуваме до Христа нашата молитва во Исуса, таа ги преминува небесите и го достигнува Престолот Божји, та Бог ја слуша и ја исполнува“.

Папата се сети и на денешниот Светски Ден за Социјалните Комуникации, под мотото ‘Тишина и Слово: процес на евангелизацијата’:

„Тишината, слушањето, е составен дел од комуникацијата, привилигирано место за средба со Словото Божјо и со нашите браќа и сестри. Сите ве повикувам да се молите доколку комуникацијата, на било кој начин, секогаш да служи за да се воспостави вистински дијалог со ближниот, основан врз взаемното почитување, врз сослушувањето и споделувањето на исти мисли“.

Светиот Отец се сети и на католиците од Кина: следниот четврток се одбележува литургискиот спомен на Блажената Девица Марија, Помошница на Христијаните, „почитувана со голема набожност во Светилиштето на Шешан во Шангај“:

„Се обединуваме во молитвата со сите католици кои се во Кина, та смирено и радосно да го навестуваат распнатиот и воскреснатиот Христос, да бидаат верни на својата Црква и на Петровиот Наследник та секојдневно да ја живеат верата што ја исповедуваат. Марија, Пресвета Девица, да ги води верниците од Кина, секогаш да ја прави интензивна и скапоцена нивната молитва во очите на Господа, и да ги зголемува љубовта и учеството на универзалната Црква во поглед на напредокот на Црквата во Кина“.








All the contents on this site are copyrighted ©.