2012-05-10 09:41:33

Папата на Генералната Аудиенција: дури и во искушенијата, чувствувам утеха од молитвите на верниците


Молитвата измолена од верниците ми дава сила, особено во тешките моменти: рече Бенедикт 16-ти на Генералната Аудиенција на Плоштадот св. Петар која се одржи вчера на 9 мај. Папата својата катехеза овој пат ја посвети за чудесното ослободување на Св. Петар во Ерусалим, раскажано во Делата на Апостолите. Исто така Светиот Отец, во месецот мај посветен на Марија, ги покани верниците да молаат света Бројаница.

Како св. Петар, исто така и неговиот наследник наоѓа сила во молитвата. На Генералната Аудиенција, Бенедикт 16-ти го образложи последната епизода од животот на Св. Петар, раскажано во Делата на Апостолите: ослободувањето од затворот во Ерусалим, благодарение на чудесната интервенција на Агелот Господов. Папата го нагласи ставот на Петар: Апостолот е спокоен, „има доверба во Бога“. И знае дека може да смета на молитвите на неговата заедница. И после две илјади години, бенедикт 16-ти го живее истото искуство:

„Исто така и јас, од самиот почеток на изборот како Наследник на Св. Петар, секогаш сум се чувствувал поддржан од страна на молитвите на Црквата, од вашата молитва, особено во најтешките моменти. Од срце ви се заблагодарувам. Со постојана и доверлива молитва, Господ не ослободува од синџирите, не води за да поминеме било која ноќ на заробеништво на нашето срце, ни дава мир на срцето за да се соочиме со потешкотиите на животот, со одбивањето, со спротиставувањата, со прогонувањата“.

Смиреноста и довербата, инсистира Папата, се двете чувства кои преовладуваат кај Св. Петар, „опкружен од солидарноста и молитвата на неговите“ и на тој начин „целосно се препушта во рацете Господови“:

„Таква мора да биде нашата молитва: постојана, солидарна со другите, целосно доверлива до Бога кој ја познава нашата внатрешност и се толку многу грижи за нас – како што вели Исус – дека ‘сите влакна од вашата глава се изброени’“.

Во искуството од првата христијанска заедница во Ерусалим, рече Светиот Отец, може да видеме дека сведоштвото пресушува доколку не е оживувана, поддржувана и придружувана од молитвата, „од континуитетот на жив дијалог со Господа“:

„Важно потсетување и за нас, за нашите заедници, било за оние малите како што е фамилијата, било за оние поголемите како што е парохијата, епархијата, целата Црква“:

И додава дека не треба да дозволиме да бидеме доминирани од страстите, „од диктатурата на сопствените желби, од егоизмот“, туку да научиме добро да се молиме на Господа. Ова е сведоштвото на Св, Петар, во Ерусалим, во Црквата каде што е поставен како карпа“:

„Тој искуси дека во следењето на Исуса се наоѓа вистинската слобода, се обвива со сјајната светлина на Воскресението и за тоа може да сведочи со маченичка смрт дека Господ е Воскреснатиот“.

Оваа епизода од животот на Св. Петар ја покажува „силата на молитвата“. Апостолот, заклучува Папата, се чувствува смирено, со сигурност дека никогаш не е сам: заедницата се моли за него, Господ му е близу“:

„Постојаната и едногласната молитва важна исто така и за надминување на искушенијата кои може во секое време да се појават на животниот пат, и затоа да се биде длабоко обединети со Бога ни дозволува да бидеме длабоко обединети и со другите луѓе“.








All the contents on this site are copyrighted ©.