2012-05-07 10:04:19

Светиот Отец на Ангеловиот поаздрав: нашата слобода е содржана во Христа


Ниеден христијанин не може да направи ништо ако не е обединет со Христа. Папата Бенедикт 16-ти, во неделата наутро на 6 мај, го истакна ова пред рецитирањето на „Царицата на Небото“ на Плоштадот св. Петар. На крајот од молитвата, Папата се сети и ги поздрави организаторите на Светската средба на семејствата, која ќе се одржи на крајот од овој месец во Милано, и им се заблагодари на Здружението Метер кој се труди да ги заштити децата кои се жртви на насилството.

Кога се има слобода да се избере, може човекот да направи големи работи. Слободата да се избере Христа го доведува човекот да направи некои работи и поголеми од неговите способности. Тоа е ветување на Евангелието и смислата на литургијата од Петтата недела после Велигден, на која Бенедикт 16-ти се задржа да размислува на таа тема. Лозата е поврзана со лозенката која носи плод, или лозата која не е поврзана со лозенката станува неплодна: за еден христијанин, да ја развере оваа вистина значи дека ја разбрал суштината на својата вера. Да се сфати дека „гранката поврзана а е и продолжение на стеблото – според зборовите на св. Фрањо Салешки цитирани од Папата – не вродува плод по заслуга на сопствената врлина, туку од врлината на стеблото“.

„На денот од нашето Крштение Црквата не прилепува во Пасхалната Тајна на Исус, за самата Негова личност. Од овој корен го добиваме скапоцениот сок за да учествуваме во боќествениот живот. Како неговите ученици, така и ние, со помошта на Пастирите на Црквата, растеме во Господовото лозје врзани од неговата љубов“.

„Господовото лозје“ е слика која му се допаѓа на Бенедикт 16-ти. Сепак, папата потврди дека и во овој момент можно е да се појават проблеми. „Како е можно да се одржи заедно слободата на човекот“ и фактот дека „тој не може да направи ничто без Бога“? Едно прашање толку античко колку и светот, ова околу слободата на избор, на кое Бенедикт 16-ти одговори ослонувајќи се духовната мудрост на Јован Пророкот, монах од петтиот век:

„Ако човекот го насочува своето срце кон доброто и бара помош од Бога, тогаш ја добива потребната сила да го заврши своето дело. Затоа човековата слобода и силата Божја одаат заедно. Ова е можно затоа што доброто доаѓа од Господа, но тоа е направено од страна на верниците“.

Токму тоа е христијанскиот начин да се разбере дарот и користењето на сопствената слобода. Доверувајќи ја, треба да се прилепува повеќе за слободата Христова – рече Папата - преку молитвата и учеството на Светите Тајни.

„Мора да останеме обединети со Исуса, да зависиме од Него, бидејќи без Него не може да направиме ништо“.

Врнежливото време не го спречи мноштвото народ да го наполни плоштадот св. Петар. Светиот Отец му се обрати после молитвата „Царица на Небото“ поздравувајќи го на седум јазици, по повод на претстојниот голем црковен настан, т.е. седмата светска средба на семејствата во Милано:

„Се заблагодарувам на амвросијската Епархија и на другите Епархии во Ломбардија кои учествуваат во подготовките на овој црковен настан, подржан од Папскиот Совет за семејствата, на чело со Кардиналот Енио Антонели. Исто така и јас, по Божја волја, ќе ја имам таа радост да учествувам и по тој повод ќе присуствувам во Милано од 1-ви до 3-ти јуни“.

Последен, но и важен беше „срдечниот“ поздрав кој Папата го упати до Здружението „Метер“, „кој се залага – рече Светиот Отец – во корист на децата, жртви на насилството“.







All the contents on this site are copyrighted ©.