2012-04-26 08:54:28

Папата на генералната аудиенција: молитвата е дишење на душата


Приоритетна задача на Црквата е да го навестува Божјото Слово, но истовремено таа ја има и "обврската на милоста и правдата". "Без секојдневна молитва нашите активности се празни и се се претвора во обичен активизам, кој на крајот не остава незадоволни". Тоа го посочи Папата во својата катехеза за време на генералната аудиенција, која се одржа денес околу пладне пред повеќе од 30 илјади поклоненици и верници на сончевиот плоштад Свети Петар. Папата го продолжи циклусот посветен на улогата на молитвата во животот на верниците.

Папата повикувајќи се на извадок од делата на Апостолите (6, 2-4) во кој евангелистот Лука зборува за зголемувањето на бројот на Христовите ученици и за расправиите од страна на "елинистите против Евреите, околу тоа зошто на вдовиците им се игнорирани при распределба секојдневните следби". Првата христијанска заедница во Ерусалим, изјави Папата, не ги спротивставува "моментите на молитва" со "немилосрдната дејност". Пред потребата да се помогне на слабите, сиромашните и вдовиците, раководителите на оваа заедница избираат седум лица, кои ќе се посветат како ѓакони на милосрдието (Дела 6, 3-4). Оваа одлука, истакна Папата, не е откината од молитвата. На овој начин се става во преден план "длабокото единство меѓу молитвата и дејството". Цитирајќи го Свети Бернард, Папата посочи дека "френетичниот живот и многуте вработувања често го прават срцето нечувствително и го водат духот кон страдањето":

"Тоа е непроценлив повик за нас, кои сме навикнати да оценуваме се според критериумот на продуктивноста и способноста. Без секојдневната молитва, живеена со преданост, нашите активности се испразни, ја губат длабоката душа, сведуваат се до обичен активизам, кој конечно не остава незадоволени".

"Секоја чекор во нашиот живот - истакна Папата - секој чекор, исто така на Црквата, треба да биде направена пред Бога, во молитвата и со светлината на Неговото Слово":

"Кога молитвата е резултат на Словото Божјо, можеме да ја видиме реалноста со нови очи, со очите на верата, а Господ, кој му зборува на умот и срцето, дава нова светлина на патот, во секој момент и ситуација".







All the contents on this site are copyrighted ©.