2012-04-12 14:11:34

Папата на генералната аудиенција: Верата во Воскреснатиот Христос го преобразува животот


"Да го сретнеме воскреснатиот Христос, Тој е меѓу нас, оди со нас. Да Му се довериме, верата во Него го преобразува нашиот живот, го ослободува од стравот, го отвора кон надежта ". "Учителот воскресна и со Него го воскресна животот. Сведоштвото на овој настан се претвора во незапирлива потреба ". Тоа го посочи Папата Бенедикт XVI во катехезата за време на генералната аудиенција, која го посвети на "радоста во првата заедница на Апостолите по тажните денови на страдањата Господови". Во светлината на Пасхата, изјави Папата, пред повеќе од 40 илјади верници собрани на облачниот плоштад Свети Петар ", срцето е исполнето со духовна радост, дури и небото над нас исполнето со сивило".

Од вечерта на Воскресението се почнува да се менува. Ридчето, каде што се наоѓаат Христовите ученици, е исполнето со страв и болка. Исус е свесен за тоа и поради оваа причина веднаш по влегувањето кај своите, изговара една фраза, која не е само "обичен поздрав", изјави Папата:

"" Мир вам "... Ова е пасхалниот поздрав, кој им помага на апостолите да го надминат секој страв. Мирот на Исуса го носи дарот на спасението, кој Тој го вети за време на своите прошталната беседа: "Мирот ви го оставам, мојот мир ви го давам" .. Во овој ден на Воскресението, Тој го донира во полнота, претворајќи го, за заедницата, извор на радост, доверба во победата, безбедност во Божјата потпора".

Исус ги покажува на своите ученици раните од распетието на крстот. Исто така и овој гест, продолжи Папата, одговара на еден критериум: да се сфати дека "Неговата славна хуманост е" повредена "и дека Воскресението го нема променето фактот дека" Тој е една вистинска личност ". Затоа, продолжи Папата, и радоста изразена од Апостолите е реална, таков каков што е и "мирот", кој Исус го подарува на своите:

"Ова е дарот, кој Воскреснатиот сака да го направи на своите пријатели, но истовремено е и за сите нас: овој мир, стекнат од Христос преку неговата крв, е за нив а и за сите нас. Затоа учениците треба да го носат во целиот свет. Оваа новина на еден живот, кој не умира, подарени од Пасхата, треба да се шири насекаде, за да можат трњето на гревот, кои го повредуваат човековото срце, да дават местото за плодот на Благодатта ".







All the contents on this site are copyrighted ©.