2012-04-05 19:55:07

Литургија на Папата за осветување на светите масла: Црквата може да биде ажурирана со послушноста кон Бога


Послушноста кон Христа е гаранцијата за обновувањето на Црквата: тоа го истакна Папата на Литургијата за осветување на светите масла, која ја отслужи утрово на Велики четврток во ватиканската базилика Свети Петар. Папата истакна дека свештениците се повикани да се изедначени со Христос, негирајќи се од личната самореализација. Папата ги охрабри верните да се спротивстават на верското незнаење во современото општество, а за тоа може да помогне и неговата декларација во Годината на верата.

"Навистина сме луѓе кои свештенодејствуваат во името на Бога и во општењето со Црквата"? Со ова прашање Папата се сврте кон свештениците на Литургијата за осветување на Светите масла, но и на која се обновуваат свештеничките ветувања. На сите богопосветени тој ги потсети дека треба да се откажат од личните амбиции и да се изедначат со Христос, кој "не владее, туку служи, не зема, туку дава":

"Потребна е внатрешна врска, па дури и поистоветување на Христос - истакна Папата - што значи надминување на себе, негирање на сопствената и на толку истакната самореализација. Од нас се бара да не го штитиме сопствениот живот, туку да го понудиме на друг - на Христос ".

Папата не криеше дека поистоветувањето "треба да се оствари во често драматичната ситуација на современата Црква". Особено повикувајќи се на случајот со група свештеници од "една европска држава", кои имаат објавено апел за непослушност со кој се игнорираат дури и конечните одлуки од учењето на Црквата, како што се "ракополаѓањето на жени":

"Дали навистина непослушноста е решение? - Праша реторично Папата. Може ли да се види во неа сличноста со Христос, дали е предуслов за вистинска обнова или само поттик да се направи нешто и се промени Црквата според нашите желби и идеи?

Предлагачите на непослушноста, истакна Папата, се убедени дека треба да се промени "бавноста на Институциите, преку драстични средства за да се откријат нови патишта, за да може Црквата да одговара на сегашноста". Христос, посочи Бенедикт XVI "ги коригира човековите традиции кои го загрозуваат и задушаваат Божјото Слово и волја". Но во реалноста - предупреди Папата - Христос го прави тоа "за да ја разбуди послушноста кон вистинската Божја волја".








All the contents on this site are copyrighted ©.