2012-03-27 15:09:10

Папата на Светата Литургија во Сантоијаго во Куба: негостољубив свет ако Бог е отстранет, но Бог ја почитува човечката слободата


Повеќе од 200 илјади луѓе присуствува, синоќа, под дождот на Светата Литургија предводена од Папата на Плоштадот Антонио Макео од Сантиаго во Куба по повод 400 годишнината од пронаоѓањето на сликата на Блажена Девица Марија од Кобре. Присутен исто така беше и преседателот на кубанската Држава раул Кастро. На празникот на Благовештението Бенедикт XVI даде една роза од злато на Заштитничката на Куба, објаснувајќи во проповедта значењето на тајната на Воплотението на Синот Божји. Од Куба, нашиот дописник Лука Колоди:

*********
“Патување посакувано“ во кој Папата не заборави да ги потикне кубанците да им даде нова надеж на нивната вера со оружје на миртот, на простуѕвањето и на разбирањето, да се изгради едно општество отворено и обновено. И тоа го покажува патот: “кога Бог е отстранет, светот станува неријатен за луѓето“. Дева Марија – рече Папата – ја претставува сликата и моделот на Црквата која е повикана да ги прифаќа во себе Божјата Тајна што пребива во неја. Едно придржување до божествената мистерија, рече Папата, што се базира “врз слободата на согласување на неговите створениа“. И “потикнувачки е да се виде како Бог не само што ја почитува човечката слобода, но изгледа како да има потреба од тоа“. Бенедикт XVI се обрати до кубанските католици поканувајќи ги да го следат Исуса на Крстениот Пат “без страв и комплекси“, прифаќајќи “со трпение и вера билокаква вознемиреност или невоља, со убденување дека, во неговото Воскресение, Тој го победи злото што се оцрнуваше и на тој начин направи нов света да никне, светот на Бога, оној на светлината, на вистината и на радоста“:

“Queridos hermanos, sé con cuánto esfuerzo, audacia y abnegación…
Драги браќа и сестри, знам со колку голем напор, храброст и несебичност, работете секој ден се додека, во конкретните услови на вашата Земја, и во овој историски момент, Црквата го одразува секогаш повеќе својото вистинско лице во кој Бог се доближува и се среќава со луѓето“.

Потоа рече дека “Бог ја довери на семејството основано врз бракот највисоката мисија да биде основна клетка на општеството и на вистинската домашна Црква“:

“Con esta certeza, ustedes, queridos esposos…
Со ова сигурност, вие, драги младоженци, треба да бидете, особено за вашите деца, реален и видлив знак на Христовата љубв за Црквата. Куба има потреба од вашето сведоштво на верност, од вашато единство, од вашата способност да прифатите човечки живот“.

“Послушноста во верата – заклучи – е вистинската слобода, вистинско откупување, што ја води човечката воља во заедништво со Божјата воља“.

Од Куба, Лиука Колоди, за радио Ватикан.










All the contents on this site are copyrighted ©.