2012-03-25 20:27:22

Бенедикт XVI на мекисканските деца во Гуанајуато им кажа: “Секого од вас е дар од Бога за Мексико и за целиот свет“


Вториот ден на Папата во Максико започна со приватна Света Литургија во Леон, во семинаријата на Света Virgen de Miraflores, Папска резиденција, на која учествуваа околу тријсетина часни сестри. На крајот од денот, во кој Бенедикт XVI ги доби клучевите од греадот Леон и Гуанајуато, срдечен пречек од децата од Гуанајуато: Светиот Отец, после разговорот со мексиканскиот преседател Филипе Калдерон, со кој на балконот од Палатата "Casa del Conde Rul" се прегрна, преме плоштадот де ла Плаз. Пишува нашиот дописник, Џанкарло Ла Вела:

*********
Срдечност до малите мексиксикански приајтели, голем поздрав кој е голем знак за надеж, прегратка од Папата за Мексико за едно поубаво утре. Средбата на Папата со децата од Гуанајуато носи го со себи ово значење, во една земја каде што малите деца – кажа Папата, неколку пати прекинуван од аплаузите од децата – се носители на товарот на страдањето, напуштеноста, на насилството и на глата предизвикана од сушата во последните неколку месеци. Но исто така наспроти тешкотијата – рече Светиот Отец – потребно е да се отвори срцетот во нас за да влезе во нас љубовта Христова. Тој знае кој го сака. Ова е единствената сила која го менува нашето срце и светот. Секој нека биде сејач и гласник на овој мир за кој Христос го даде својот живот.

“El discipulo de Jesus…”
“Исусовиот ученик не одговара со зло на злото, но тој секогаш е наклонет за добрина, претставник за простување, носител на радост, служител на едиснтвото. Исус сака да напише во секого од вашите животи една историја на пријателство. Имајте го, значи, како најдобар ваш пријател“.

Секого од вас – кажа повторно Папата – е дар од Бога за Мексико и целиот свет. Семејство, Црква, школа, општествата треба да работат заедно, се додека вие можете да имате еден поубав свет, без завист и поделба.

“Por ello, deseo elevar…”
“Затоа, би сакал да го подигнам мојот глас повикувајќи ги сите да се заштитат и грижат за децата, за никогаш да не се изгасне нивната насмевка, да можат да живејат во мир и да гледат во иднината со доверба“.

На крај, желбата на Папата: “Молете се за сите, молете се за мене. Јас ќе се молам за вас, се додека Мексико биде дом во кој сите свои деца живејат во мир и хармонија.

Симболичен лет на бели гулаби стави крај на средбата, во кој Папата, пред Светата Литургија во паркот на Бичентенарио, го покани целиот Макесико, преку своите најмали деца, да го гледат со надеш во мирна иднина и вистинско братство.








All the contents on this site are copyrighted ©.