2012-03-15 09:17:53

Папата на главната аудиенца: да научиме од Марија да се молиме не само кога имаме потреба и не само за себе


На главната аудиенца на Плоштадот Свети Петар, Бенедикт XVI се фокусираше на молитвите на Марија во почетокот на Црквата. Зборувајќи на повеќе од 20 илјади верници, Папата истакна дека денеска сме повикани да го следиме примерот на Мајката на Исуса која не пвикува да се молиме секогаш и не само во потребните ситуаци. За време на аудиенцара посветене на Марија, Папата го благословиу “бенедиктинскиот факел за мирот“ по повратот од Малта.

Не може да се “зборува за Црквата ако не е присутна Марија“: ова го потенцираше Папата на генералната аудиенца целата посветена на улогата на Богородица во животот на Црквата. Со тоа покажа делка “присуството на Мајкана на Бога“ со Апостолите после Вознесението не едноставно една само историски забележана, “но добива голема значајна вредност“, бидејќи Марија споделува “се што е највредно: живосеќавање на Исуса во молитвата“:

“Ако не постои Црква без Вознесението Христово, не постои ни Вознесение без Мајката на Исуса, бидејќи Таа доживеја на посебен начин тоа што Црквата го доживува секој ден под дејството на Светиот Духг“.

И се сеќава како Вториот Ватикански Концил само сакаше да ја нагласи на посебен начин таа врска “која видливо се манифестира во заедничката молитва на Марија и на Апостолите, на исто место, во очекување на Светиот Дух“. Привелигираното место на Марија, додаде Папата, е Црквата:

“Да се обожава Мајката на Исуса во Црквата значи да се научи од Неа да се биуде заедница која се моли: тоа е една од основните забелешките на првиот опис на христијанската заедница наведена во Делата на светите Апостоли“.

Често, истакна Папата, молитвата “е искажана во моменти на тежина, од лични проблеми кој доведуват до свртување кон Господа за да се добие утеха, светлина и помош“.

“Марија не повикуа да ги отвориме границите на молитвата за да се свриме кон Бога не само кога имаме потреба и не само за себе, но на едноген начин, истрајен, верен со едно срце и една душа“.

Значи, Папата ги повика верниците да се доверат на Марија “во секоја фаза на изминување“ на “личното и црковното“ постоењето:

“Марија не учи за потребата од молитвата и ни покажува како само со една постојана врска, интимна, полна со љубов со својот Син, ние можеме да излеземе од нашата куќа со храброст, за да се достигната границите на светот и за да се објавува насекаде Господ Исус Христос, Спасите на светот“.

На крајот од аудиенцата, Папата го благослови “бенедиктинскиот факел на мирот“ по повтаќањето од Малта, придрузен од надбискупот на Сполето-Норциа, Ренато Бокардо, и од монасите од Субјако и Монтекасино, отец Пиетро Виторели и отец Мауро Меакџи. Духовниот светол симбол од Светиот Заштитник на Европа се врати повторно да ја потврдува својата мисија за мир и за солидарност меѓу народите од сите нации. Папата исто така гопоздрави Патријархот на Калдеите од Багдат, Емануел III Дели, и својот викари Шлемон Вардуни. Овие денови, се обележува шетригодишнината од убиството на надбискупот на Мосул, монс. Рахо.







All the contents on this site are copyrighted ©.