2012-03-12 08:49:09

Папата на Ангел Господов: насилството, инструмент за антихристос, човештвото нема потреба од него бидејќи го дехуманизира. Апел за Мадагаскар


“Од насилството никогаш човештвото нема потреба, бидејќи го дехуманизира“: тоа го кажа Папата на Ангел Господов, коментирајќи ја параболата од неделното евангелија протерувањето на трговците од Храмот пред неколку илјади ходочасници собрани на Плоштадот Свети Петар. На крајот од манијната молитва, Бенедикт XVI испрати апел за населениоето од Мадагаскар погодени од катастрофалната тропска бура.

Исус ги протерува трговците од Ерусалимскиот Храм: епизода која моиже да биде толкувана како пророчки чин на протест, покрај сите прашања на Израелците кој бара знак за да покаже дека навистина дејствува во името на Бога. Но бркањето на продавачите од Храмот – нагласи Папата – “беше интерпретирано во политичко-револуционерна смисла, сврстувајќи го Исус во линијата на движењето на зелотите ... спремини во секое време да користат насилство“ за да се почитува божјот закон. Во времето на Исуса, всушност, “очекува Месија кој ќе ги ослободи Израелците од римската окупација“:

“Но Исус им ги разочара очекувањата, дури и некој од учениците го напуштија и Јуда Искариот го предаде. Всушност, невозможно Исус да се свати како еден насилник: насилството е спротивно од Царството Божјо, тоа е инструмент на антихристос. Од насилството човештвото нема потреба, бидејќи го дехуманизира’.

Предупупредувањето на Исуса да не ја правата куќата на Отецот пазар, цитирајќи тоа што е напишано во Псалмот: “Ме јаде ревноста за твојата куќа“ (69,10). “Овој псалам – објаснува Папата – е повик за помош во една ситуација на исклучителна опасност од страна непријателска омраза: ситуацијата што Исус ќе ја доживее во својите страсти“:

“Ревноста за Отецот и за својата куќа ќе го однесе се до смрта на крстот: неговата е ревност за љубов кој ја плаќа лично, не она што би сакале да му слушиме на Бога преку насилството. Всушност “знакот“ кој Исус ќе им го даде како доказ за својот авторитет ќе биде својата смрт и воскресение. ’Разурнете го овој храм – зборуваше – и за три дни ќе го подигнам’“.

И Свети Јован запиша: “Тој зборуваше за храмот на своето тело“ (Јован 2, 20-21):

“Со Воскресението на Исус започнува нов култ, култот на љубовта, и едн нов храм кој е Тој самиот, Христос воскреснатиот, преку кој секое створение може да му служи на Бога Отецот ’во духот и вистината’ (Јован 4, 23)“.

Во поздравите на други јазици Папата истакна дека исто така ние сме вистински Божји храм “ако му овозможиме на Исуса влезе во нас“; но потребо е да се откажеме “од делата на злото“ и да не се има “страв да се сменат нашите навики и наши однесувања“. Во Светата Тајна покајание е – продолжи – каде што “Господ ни дава можност постојано да ги отфрлеме нашите гревови. Со секоја Исповед Тој нè обновува како храмот во кој Тој самиот живее“.

На крајот од Ангел Господов Папата ги свре своите мсили до народот на Мадагаскар, погодени во минатите денови од голема тропска бура што предизвика над 70 мртви и скоро 80 000 раселени, уништувајќи домови и земјоделски култури:

“Моите молитви се насочени за жртвите и за семејствата погодени од катастрофата, се надевам и охрабрувам великодушна помош од меѓународните иституци“.








All the contents on this site are copyrighted ©.