2012-03-06 09:53:05

Средба на валадиците од Југоисточна Европа. Мон. Џордано: христијаните да бидат протагонисти во европската конституција


Преседателите на епископската Конференциа од Југоисточна Европа денеска се собра во Стразбург на 12-етиот состанок, организиран од Советот на Епископската Конференција на Европа и Постојаната Мисија на Светата Столица при Советот на Европа. Настанот предвидува, помеѓу другото, одржување на Света Литургија за Европа во среда на 7 март во 18.30ч. во Катедралата во Стразбург. За целта на оваа средба Серџо Чентофати одржа интервју со монс. Алдо Џордано, постојан набљудувач на Светата Столица при Советот на Европа:

*********
"Свесни сме дека е важно за христијаните да бидат тамо каде што се донесуват одлуки на европско ниво. И така целта е подобро да се запознаа европските инстутуци, да ја покажеме нашата заинтересираност и нашато присуство и стекнување на нови вештини што потоа можеме да ги пренесеме на народите и на заедниците, се додека лаиците нè постанат протагонисти на ова европска конституција.

Овој состанок се одржува во време на тешка криза за Европа: Црквата како може да помогне да се излезе од оваа ситуација?
Секако ние забележуваме една криза на самиот Европски идентитет. Верувам дека придонесот на Црквата на оваа точка е од големо значење, будејќи ние гледаме дека Европа има идентитет не само економски, туку политички а пред се културен. Во овој културен идентитет, христијанската димензија е од големо значење. Ние не можеме да замислеме нисто во Европа од дватете илјади години без повикувањето на христијанството. Во срцето на христијанството, друг аспект е секако она на солидарноста, ова димензија на солидарност, да се почитува ближниот, да се сака ближниот... Друг придонес на христијанството е во тоа што ја воведува добротворноста во општеството. Добротворноста секако не постои без правда, но добротворноста е повеќе од правдата: воведува димензија на благодарност, воведува исто така и димензија на простување и подарувањето што во овој историски момент се аспекти на голема оригиналност.

Семејството станува една реалност сé послаба: што ќе кажете?
Мислам дека основната задача е, пред се, да се редефинира што е семејството, да се даде придонес на зборот “семејство“. Ние за жал сведоци сме дури и на тешкотијата да се каже што е “семејство“. Ние го гледаме семејството во реалноста, во животот, даден од Бога во односот човек-жена, еден однос отворен за животот. Денеска во внатрешноста на овиое зборови се ставаат концепти кој се спротивни на оваа. Исто така некој термини како “татко“, “мајка“, “маж“, “жена“ или дури “човек“, “жена“, се во тешкотии: тие се зборови кој речиси го губат нивното значење, имат тенденција да исчезнат во гереричноста. Велејќи родител А, родител Б, или велејжи брачен другар А, брачен другар Б, или дури “не сме човек и жема, но ние сме род“ ... постои овој вид на одалечување на реалноста која допира многу аспекти од европската актуелна култура. Значи нашата задача е да ја вратиме во реалноста, за нас верниците саканата реалност на Бога е темета за семејството.

Во центарот на состанокот исто така е и темата на верската слобода, во опсаност исто така и на Запад. Гледаме на пример ситуацијата за приговор на совеста во САД....
Од една страна, односот на религијата во целина, гледам дека има нов интерес. Меѓународните иституци се многу свесни дека религијата е одновна за народите, за културите, затоа е од суштинско знашење; од друга страна, имаме многу пад за одење. Пред се да се добие - од една страна – слободата на вероисповед, слобода за внатрешна организација, слобода за да може да изјаснува, може да се предва својата вера, но од друга страна фактот да се биде присутен во јавноста, она што Папата често го нагласува: “Бог има пораво да биде во јавноста“. Ако го отстраниме Бог, ние сме ја отсраниле основата на соживот за мир, и за слолидарност. Во оваа област имаме многу прашања: мислиме на присуството на верските симболи во јавноста и истотака прашањата – од вас цитирано – на приговор за совеста; почитувањето што организацијте на верската реалност можат да бидат верни на нивната етика, на нивниот морал, на нивните принципи, на нивните вредости, и да не бидат принудени, на некој начин од власта, да одат против своите вредност. Го познаваме фактот на дискриминација за верските мотиви се до начин и на прогонство. Земјите од Југоисточна Европа ќе бидет преставени овде од владиците на Земјите кој имаат тешкотии. Католичката Црква е во малцинство а со тоа и прашањата што се карактеристични за малцинствара: признавањето на Црквата и нивното слободно изразување, да биде овозможено да е присутна во јавноста. Гледам дека друга голема дебата во Европа е односот помеѓу слободата на изразување во медиумите, која денеска е многу нагласена, и од друга страна почитувањето на верските вредности. Се до каде може да отиде слободата на изразување? Се до каде може да се крши или повикува на насилство и омраза против религијте или верските вредности.

Но постои опасност дека христијанската вера биде сеповеќе маргинализирана и приватизирана во Европа?
Да, очигледно е дека постои од една страна оваа искушение, и јасно е дека постојат сили кои работа во оваа насока. Од друга страна пак јас забележувам една нова совест, дури и кај верниците, од христијански факти и друи постои – би рекол –еден нов страв, едно ново запрашување што се врти низ Европа. Денес сме помалку арогантни, бидејќи сме помалку безбедни, иамем повеќе страв. И ова не носи на нов став на истражување, на внимателност на тие што се основни вредности на животот, кој е значењето на нештата, смислата на постоењето; и затоа верувам дека христијанството во оваа смисла има огромна шанса.

Исто така и темата за биоетиката е многу жешка ...
Неодамна Парламентарното собрание даде не на еутаназијата, кажа дека еутаназијата ќе биде секогас одбиена, и ова е позитивен знак. Пред некое време, во една резолуција, гласа во корист на приговорот за совеста на медицинскиот персонал. Имаше пресуда во Судот, сто дозволи дека Австрија има право да одбие оплодување in vitro eterologa, тоест надворешно оплодување in vitro. Имаше една пресуда во врска со Ирска, каде ако ништо друго Судот забрани дека не постои право на абортус, но темите поврзани за почетрокот на животот, темите поврзани за раѓањето, поврзани за растењето, поврзани за медицинскиот свет, поврзани за крајот на животот се теми навистина огромни и актуелни. Ведувам дури и овде дека основните прашањата ја допират визијата на самиот човек: овде се игра на самата човечка иднината.

Помеѓудругите предизвици на овие Земји од Југоисточна Европа постои исто така и екуменскиот диалогот...
Од една страна овие Цркви имат тешкоти, но постојат исто така и лаборатори на екуменски диалог, со собирите помеѓу религијте, што станува многу корисно за цела Европа. Значи, се надевам дека овој сосрет ќе биде повод се повеќе да се слуша гласот на овие Црркви, од цела Европа. Посетувајќи ги овие Земји видов постои голема виталнбост на христијански живот, шро мислам дека е премерно, гледајќи ја тешката ситуација во кој се наоѓат.

Во среда ќе биде одржана Света Литургија за Европа...
Да, тоа е предлог кој сакаме да го направиме во убавата Катедрала во Стразбург, каде што ќе присуствуват овие владици од Југоисточна Европа. Ги поканивме преставниците на Европскиот Совет и заедниците или другарите што знаеме дека се посебно заинтересиранни за Европа, во совеста, како што кажа Папата во Caritas in veritate (Во љубовта е вистината), дека во мирниот живот, солидарниот живот, добриот живот помеѓу народите на крај е дар кој требаме да го добиеме и за кој требаме да се молиме. Значи да се помолиме за да кажеме дека Европа треба да ги отвори рацете за да добие дар што Бог сака да го подари на Европа. Бог никогаш не ја заборави Европа: иако ние сме оние кој го заборавија Бога, проблемот е наш. Бог го даде животот за ова Европа и ова Света Литургија сакаме да биде за сите да добијат совест дека постои Бог".








All the contents on this site are copyrighted ©.