2012-03-05 10:01:29

Познавањето на верата: Папата во римската парохијата во Торино


“Надминувањето на верскатанеписменост што е еден од најголемите проблеми од нашата денешница“. Тоа е потикнувањето на Папата за време на свата Литурѓија која се одржа во парохијата на свети Јован Крстител де ла Сале, во римскиота населба во Торино. Верата треба да биде живеена од сите заедно и парохијата е место на “Ние“ во Црквата, кажа Папата потсетувајќи дека задачата на семејството е образованието во верата. Поздравот на децата: “Голема е радоста да се видат толку многу деца, Рим живее и ќе живее исто така и утре“.

Топла добредојденост, пријателска и полна со љубов тоа е она што му припремија на Папата жителите на перифериската населбата од Торино. Проповета на Бенедикт XVI беше од неделните читања, почнувајки од искушебието на Авраам повикан да го жртвува својот единороден син Исак. “Можеме да замислиме – нагласи – што се случуваше во неговото срцето и во срцето на синот“ но “Бог не ја сака смрта туку животот“:

Авраам верута толку многу во Бога спремен е исто така да го жртвува својот син и, со синот, иднината, затоа што без ветениот син Земјата е ништо, завршува во нула. И жртвувајќи го сино се жртвува самиот себе, целата своја иднина, и ветувањето. Тоа е навистина еден чин на радикална вера”.

Во второто читање, свети Павле изјавува дека самиот Бог направи жртва: ни го даде својот Син, го даде на Крстот за да го победи гревот и смерта. “Ако Бог се дава самиот во Синот – рече Папата- ни дава се“:

Ние сме во срцето на Бога, тоа е нашата голема доверба. Ова создава љубов и во љубовта одиме према Бога. Ако Бог го даде својот единороден Син за сите нас, никој не може да не обвинува, никој не може да не осудува, никој не може да не раздели од неговата огромна љубов”.

На крај погледот на Светиот Отец Папа се сврте на евенгелската парабола на Преобразување. На Петар, Јаков и Јован Исус им го покажува “патот на светлата љубовта која ја победува темнината“, пар кој поминува “преку целокупната негова потареност“ и “случувањето на Крстот“. Преображението затоа е “антисипирано време на светлината“:

Тоа е дефинитивниот егзодус што ја отвара вратата кон слободата и новитетот на Воскресението, спасението од злото. Ние имаме потреба во нашиот секојдневен пат, исто така често означен со темнината на злото!”.

Ние како и апостолите – продолжи Папата – имаме потреба да примиме светлина од Бога. Затао во заедничката молитва и лична се среќава Господ, “не како идеја или како морален предлог но како Личност“:

Да не очекуваме дека некој други ќе дојдат да ни донесат други пораки, што не водат кон реален живот, но бидете самите вие Христови мисионари на браќата таму каде живеат, работат, учат или само го поминуват слободното време”.

Току парохијата е совршено место каде што може да се живее својата вера, “ние“ од Црквата и од семејството на Бога:

Следната ’Година на верата’нека биде вистинска можност исто и за оваа парохија за растење и консолидирање на катехетскато искуство за голмата вистина на христијанската вера, со цел да им овозможи на сите населби да го запознат и продлабочат Симболот на Верата на Црквата, ида се надмине верската неписменост која е еден од поголемите проблеми на нашата денешница”.

Семејството е “амбиентот на животот – рече Папата – во кој се движат првите чекори на верата“. Потребно е повторно да се открие средиштето на пресветата Еухаристија, собрани околу неа “чуствуваме полесно како мисијата на секој христијанин е онаа да ја однесеме пораката на Господовата љубов на сите луѓе”.

На пристигнувањето во парохијата во Торино, осветена во декенври 2009, Папата беше дочекан од неколку деца кој сака да го поздрават. Тој на нив им се обрати со љубов:

За мене оваа е голема радост да видам толку многу деца. Потоа Рим живее и ќе живее исто така и утре! Вие сте сега на патот на запознавање со Катехисмот: го учите Исуса, учите што тој направил кажал, пострадал; ја учита исто така и Црквата, Светите Тајни и така учите исто и да живеете, зошто живеењето е уметност и Исус ни ја покажа ова уметност”.

Во своето воведно обраќање, парохот на Црквата Свети Јован Крстител де Ла Сале, отец Џампаоло Перуџни, му се заблагодари на Папата Бенедикт XVI за посетата:

Ние ви посакуваме добредојде како Пастир на Универзалната Црквата, но особено како наш Владика на Рим! Ние ви посакуваме добредојде како Папа, но осбено како Татко! Како Папа Вие ќе добиете подароци многу поскапоцени од нашите, и како Татко никогаш не се знае што да се подари... Вие освен тоа вратоврски не носите!”.

На крај поздравувајќи ги верниците, во црковниот двор на парохијата, Папата потсети дека “сите ние сме едно семејство со сите Свети“ и дека е потребно да го почуствува секој ден Божјето присуство покрај нас зотоа што е “центар на нашиот живот.







All the contents on this site are copyrighted ©.