2012-03-02 16:11:25

Папата на Ангел Господов: Велигденскиот пост, вистинското време за да се зацврсти нашиот однос со Бога


Молитва, гести на покајание и добротворни дела према ближниот. Така, во Велигденскиот пост, се обновува нашиот однос со Бога. Тоа го кажа Папата на Ангеловиот Господов на плоштадот Свети Петар, на денот на кој во Ватикан започнуват – во 18.00 ч. во Капелата Redemptoris Mater – Духовните вежби за Римската курија, за подготовка на Велигден. Темата е: “Заедницата на христијанинот со Бога“; медитацијте ќе ги предводи, се до 3 март, кардиналот Лаурент Монсенгво Пасиниа, Архепископот на Киншаса, во Демократската Република Конго.

Велигденскиот пост, поволно време за зајакнување на нашиот однсо со Бога. Ова е насловот на Бенедикт XVI за Ангел Господов. Во првата недела од Велигденскиот пост, Папата се одрази на Исус кој, по примањето на крштение во реката Јордан од Јован Крстител, претрпува искушенија во пустината, како што е раскажано во Евангелието од Марко: Исус «остана во пустината четириесет дена и ноќи, искушуван од ѓаволот». Занчои испит на “различни значања“ на пустината. “Може да означува – рече Папата – статус на напуштеност и осеменост, место на човечка слабост каде што нема поддршка и сигурност, каде што искушениата се похолеми“. Но во исто време, продолжи Папата, “може да покажува исто едно место на прибижиште и засолниште“, како во случајот на Израелскиот народ кој беше избегал од египетското ропство : таму, рече Папата, може да се експериментира на посебен начин Божјото присуство“. Исто како Господ што – објасни Бенедикт XVI, цитирајќи го свети Леоне Велики – “се подложи на нападите на искушувачот за да не одбрани со својата помош и за да не поучи со неговоиот пример“.

Една поука, што ја читаме во Книгата на Имитации на Христос: човекот “никогаш не е од тотално слободен од искушениата се додека живее“, но со трпението и со искрената понизност стануваме посилни од било кој непријател“:

“Трпението е понизноста да се следи секој ден Господа, учејќи да го градиме нашиот живот не надвор од Него или како да не постои, но во Него и со Него, бидејќи е изворот на вистинскиот живот. Искушението да отстрани Бог, да поставиме сами ред во нас самите и во светот да се потпираме само на своите вештини, е секогаш присутен во историјата на човекот“.

Потоа во Исус “се случува нешто ново“, повикува – објасни Папата – дека “времето се исполнило и Царството Божје е блиску“: Бог зборува на човекот “на неочекуван начин“, “со единствена конкретна блискост, полна со љубоив“; се отелотворува и влегува во светот на човекот “за да го земе насебе гревот, за победа на злото и да го донесе човекот во светот на Бога“. Но овој оглас – продолжи Папата – придружен е со барањето да одговара на така големиот порарок:

“Исус додава: обратете се и верувајте во Евангелието; тоа е покана да имаме вера во Бога и да го конвертираме секој ден нашиот живот на Неговата волја, насочувајќи ги сите наши акции и мисли на добро. Времето за Велигднескиот пост е вистинско момент да се обнови и подобри состојбата на нашиот однос со Бога, преку секојдневната молитва, покајание, дела на добротворна братска љубов“.

Папата, молејќи се за патот за Велигденскиот пост кој штотуку започна, потоа ги потсети верниците дека денес започнуват Духовните вежби во Ватикан:

“На вашите молитви ви ја доверувам неделата на Духовни вежби кој ова вечер ќе започнат со моите Соработници од Римската Курија“.

Во завршните поздрави на различи јазици, светиот Отец Папа повторно повика во оваа време на покајаније за Велигденскиот пост да се моли секојден, “на обраќање за да се постигне подлабоко познавање на Исуса“, на правење покора за да го смениме нашиот живот“, со милосрдни дела, простување и помирување.









All the contents on this site are copyrighted ©.