2011-12-27 17:09:53

Бенедикт 16-ти во Божиќната честитка: Христос се роди за да не избави од „големото зло“ кое не оддалечува од Бога. Папата се потсети на сите народи што страдаат. Честитки и благословот Urbi et Orbi


„Христос се роди за нас“ „за да не избави од големото зло“ што за нас претставува разделба од Бога“. Бенедикт 16-ти во својата традиционална порака го потсети целиот свет, барајќи божја помош за луѓето кои во овој момент страдаат од глад, социјални немири, војни. Потоа честиташе Божиќ на различни јазици пред апостолскиот Благослов Urbi et Orbi. Ијладници луѓе од сите страни на планетата, многу семејства и деца, се насобраа на плоштадот св. Петар за да го слушат – заедно со милиони верници поврзани преку радио, тв приемници и интернет – говорот на Папата.

"Синот на Дева Марија се роди за сите нас, Тој е Спасителот на сите".

Наследниокот Петров на овојгодишен Божиќ уште еднаш го потсети целиот свет за тоа:

„До секој да стигне ехот од Витлеемското навестување, кое Католичката Црква прави да одекнува во сите континенти, надвор од сите граници на националноста, јазикот и културата".

„Дојди да не спасиш!“ повика Бенедикт 16-ти:

„Ова е крикот на човекот на сите времиња, кој чувсвува дека не би можел сам да ги надмине потешкотиите и опасностите. Потребно му е својата рака да ја стави во некоја поголема и помоќна рака, рака која од висините е насочена кон човекот".

„Оваа рака е Исус“ – објасни Папата:

„Тој е раката која Бог ја насочи кон човештвото, за да го извади од живиот песок на гревот и да го стави врз карпа, цврстата карпа на својата Вистина и Љубов“.

Исус – додаде Светиот Отец – беше испратен од Бог-Отецот „за да не избави од злото, особено од оној кој е вкоренет во човекот и во историјата“:

„Онаа зло кое не разделува од Бога, гордоста која не прави да правиме тоа што ни е волја, да се ставиме во конкуренција со Бога и да го заменеме Негопвото место, да одлучуваме што е добро а што зло, да бидеме господари на животот и смртта".

„Тоа е големото зло, големиот грев“, од кој луѓето не можаат да се спасат се додека не се доверат на Божјата помош. Оваа свест – рече Папата - „не става во вистинска состојба, не доведува до вистината за самите себеси“:

„Тој е лекарот, ние болните. Да Го препознаеме, тоа е првиот чекор кон спасението, кон излезот од лаваринтот во кој ние самите се затвараме со нашата гордост".

Папата не заборави и на оние кои страдаат во секој дел од нашата Планета:

„Дојди да не спасиш! Го повторуваме тоа во духовно заедништво со многу луѓе кои живеат во особено тешки ситуации, правејќи се глас наместо безгласните".

Бенедикт 16-ти посебно се потсети на народите од Рогот на Африка, кои страдаат од глад, од социјална несигурност и кои се во континуирани бегства, та меѓународната заедница да ги потпомогне; потоа се потсети и на жителите од Југоисточна Азија, особено Тајланд и Филипините кои беа погодени од неодамнешните поплави; и на човештвото рането од многу конфликти кои ја раскрвуваат Планетата; Светиот Отец го охрабри продолжувањето на дијалогот помеѓу Израелците и Палестинците, и повика да се стави крај на насилствата во Сирија, „целосно помирување и стабилност“ во Ирак и Авганистан, со надеж за „обновување“ и изградба на „заедничкото добро“ во северноафриканските и медитеранските земји, „за проспектите на дијалогот и соработката“ во Мјанмар, за „политичката стабилност“ во афричкиот регион на Големите Езера и за „заштитата на правата на сите граѓани“ во Јужен Судан.

Светиот Отец повика да го насочиме „погледот кон Витлеемската Пештера“:

„Исус на светот му донесе универзална порака на помирување и на мир. Да Му го отвориме нашето срце, да го примиме во нашиот живот".

Потоа Папата честиташе Божиќ на 56 јазици, почнувајќи од италјанскиот, за да рождеството Христово и прифаќањето на Евангелието „го обноват срцето на верниците, да донесат мир во семејствата, утеха на оние кои страдаат“.

„и да помогне на жителите од целата Земја да растат во меѓусебна доверба та заедно да изградат братска и цврста иднина на надежта".








All the contents on this site are copyrighted ©.