2011-11-24 12:30:34

Бенедикт XVI: Црквата во Африка главно дејствително лице во новата"сезона на надежта"


На неделната генерална аудиенција во Ватикан Папата потсети на главните моменти од својата апостолска посета на Бенин од 18 до 20 ноември. Радоста и апостолскиот пламен на свештениците, богопосветените, семинаристите и лаиците, изјави Папата ", се знак на сигурна надеж за иднината на Црквата во Бенин". За Бенедикт XVI втората негова африканска посета е "возбудливо доживување на верата и ажурирана средба со живиот Исус Христос". Во овој важен момент за целиот африкански континент, изјави Папата, "Црквата во Африка, со своите благородни напори во служба на Евангелието, може да биде главно дејствително лице на новата сезона на надежта":

"Во Африка ја видов свежината на животот, свежината на верското чувство и надеж, чувството за реалноста во целина со Бог, а не сведена на еден позитивизам, кој конечно ја угасува надежта. Сето тоа јасно покажува дека на овој континент постои еден фонд на живот и енергија за иднината, на кој можеме да се потпреме и на кој Црквата може да смета ".

Незаборавен спомен од оваа посета, изјави Папата, беше "молитвата на гробот на еден голем човек на Црквата и истакнат син на Бенин и Африка:

"Ова е незаборавниот кардинал Бернардино Гантин, чија меморија е повеќе од било кога жива во неговата земја, која го смета за Татко на татковината и целиот континент ".

Посетата на Бенин, истакна Светиот Отец, беше своевиден "апел до Африка, за да ги насочи своите напори кон навестувањето на Евангелието на оние кои се уште не го познаваат", но исто така и "повик кон христијанските заедници за правда, мир и помирување" :

"Како што посочија за време на средбата со политичките институции, дипломатскиот кор и претставниците на религиите, овој дух на помирување е императив и на граѓанско ниво и има потреба од надеж, која треба да инспирира социо-политичкиот и економскиот живот на континентот".

За време на оваа средба Бенедикт XVI стави акцент на "надежта која треба да го инспирира патот на континентот, поставувајќи ја на преден план огнената желба за слобода и правда, кои во последниве месеци, ги исполнуваат срцата на многубројни африкански народи":

"Ја истакнаа потребата од изградба на едно општество во кое односите меѓу различните етнички групи и религии ќе бидат одбележани од дијалогот и хармонијата. Ги повикав сите да бидат вистински сејачи на надеж во секоја реалност и средина ".








All the contents on this site are copyrighted ©.