2011-10-18 10:18:55

Објавено Апостолското Писмо на папата Бенедикт XVI за прогласување на Година на верата: верата во Исус е патот за постигнување на спасение


Утрово беше објавено Апостолското Писмо на папата Бенедикт XVI “Porta fidei” во форма на "Motu Proprio", со кој е објавена Годината на верата, која ќе започне на 11 октомври 2012 50 години од отварањето на Вториот Ватикански Сабор, а ќе заврши на 24 ноенври 2013, на празникот на нашиот Господ Исус Христос цар на Вселената. "Тоа е покана - се вели во писмото од Папата- за обновување на вистинското обратување према Бога, единствениот Спасителот на светот."

Во Апостолската Писмо, Светиот Отец укажува на потребата да се "открије патот на верата" за да се најде "вкусот за да се храниме од Словото Божјо." "Вратата на верата" е секогаш отворена: "И е можно да се премине таа граница - пишува Папата - кога Словото Божјо е прогласено и срцето ќе биде преобразено од благодатта, која претворува. "Денешното општество, обележано со длабока криза на верата, "не можеме да прифатиме солта да станува безвкусена, и светлината да е скриена." Сеќавајќи се на учењето на Исус, "Не работејте за храна која не трае, но за храна што останува за вечен живот" (Јован 06:27), Папата со ова ја укажува на целта "да тргнеме по патот": "Верувајќи во Исус Христос е единствениот пато за да се постигне конеченото спасение".

Бенедикт XVI наведува, исто така, дека на почетокот на Годината на Верата, во октомври 2012 година, ќе се совпадне и со отворањето на Генералнота асемблеа на Синодот на Владиците, на темата "Новата евангелизација за преобраќање на христијанската вера." Еден убав повод - објаснува тој - "време на особено разгледување и повторно откривање на верата." Тоа не е прв пат Црквата да ја сави Година од Верата. "Павле VI - се сеќава Папата - со слична повод во 1967 година ја одбележа деветнацеттота стогодишнина од мачеништвото на Светите апостоли Петар и Павле." Мислејќи дека на овој начин може целата Црква да ја пронајде "вистинската свеста за својата вера, за повторно тргнување, исчистување, потврдување, признавање". Големиот пресврти што се случи во таа година, направи уште појасна потребата за уште една таква прослава. Сите верници - рече Папата - имат потреба да бидат потврдени иприфватени во постојано нови начини "со цел да се даде кохерентна сведоштво во историски услови различни од минатото."

Правејќи да започне Годината на Верата со 50 г. од отворањето на Вториот Ватикан Сабор е исто така добра можност - пишува папата - да се сватат текстовите оставени за вечност од Советот Отци, како што од потврди и Блажениот Јован Павле II, "не ја губат нивната вредност ниту пак нивната глеѓ." Соборот - Папата Бенедикт XVI - е голема благодет со која се хранеше Црквата во дваесеттиот век: "Во се него ни е даден сигурен компас за да се движиме низ патот на новиот век кој се отвара." Вториот Ватиканси Собор може да биде и да стана, се повеќе ", една голема сила за секогаш потребното обновување на Црквата."

"Обновувањето на Црквата - укажува Папата - исто така поминува врз сведочењето дадено од страна на животот на верниците", повикани да го просветлат "Словото на вистината кое Господ Исус ни го остави." Хранета од Словото, Црквата "го продолжува својето поклоничко патување во услови на прогон во светот и утехи од Бога". "Од доблестите на воскреснатиот Господ ја црпи силата да за победа со трпение и љубов, испитувања и тешкотии, кои доаѓаат и од внатре и од надвор." Со својата љубов, Исус Христос продолжува да ги привлекува луѓето од секоја генерација ", со секогаш нови начини." За тоа - објасни Папата - дури и денес тоа е потребно "едена поцврста посветеност на Црквата во корист на една нова евангелизација, да се открије радоста во верувањето и да се пронајде ентузијазам за да се комуницира со вера." Верата не прави плодни "бидејќи таа го проширува срцето во надежта и ни овозможува да дадеме едно сведочење способно за генерирање": ". Го отвора, всушност, срцето и умот на оние кои слушаат и ја прифакат поканата од Господ за Неговото Слово". Само верувајќи - додава Папата - расте верата и се зајакнува : "Не постои друга можност за поседување на вистината за живот освен ако не се предадеме, во континуитет, во рацете на љубовта што се чувствува се поголема и поголема поради тоа што потекнува од Бога".

Папата исто така ja истакна и "длабоката еднаквост" помеѓу актот со кој се верува и содржината на верата: "Сент Лук пучува дека знаење на содржината не е доволно да се верува ако потоа срцето, вистински храм на лицето, не е отворена за благодата што дозволува да се има очи за да се погледне подлабоко и да се разбере она што беше објавено, е Словото Божјо". Христијанинот никогаш не смее да мислам дека верата е приватна работа: "Верата е да одлучиш да бидеш со Господа и да живееш со Него" и потикнува "јавно сведочење и обавеза". Познавањето на верата е суштинско за да сеоди напред со "интелигенцијата и волјата" со она што е предложено од страна на Црквата. Од друга страна - додава Папата - не можеме да заборавиме дека многу луѓе, иако не познавајќи ја во целост содржината на верата, "се уште се во искрена потрага за вистинската вера". И ова истражување е вистински "преамбула" за верата, затоа што "луѓето се движат по патот што води кон тајната на Бога."

За да пристапите до систематско знаење за содржината на верата, Папата потсети дека секој може да најде вредна и неопходна помош во "Катехизмот на Католичката црква", објавен на 11 октомври 1992 година, точно 20 години пред отворањето на Годината на Верата прогласен од страна на Бенедикт XVI. Учењето од Катехизмот за моралниот живот - објаснува Папата - се добива целата смисла кога се гледа во однос на верата, литургија и молитва. На Катехизмот на Католичката Црква во оваа година ќе биде "вистински инструмент за поддршка на верата". За таа цел, Светиот Отец ја повикува Конгрегацијата за Доктрина на Верата, во согласност со соодветните дикастери на Светата Столица, "кратко да се подготви една Забелешка ", која ке даде на Црквата и на верниците неколку индикации за да ја живеат оваа Година на Верата со поголема ефикасни и соодветен начин, во служба на верата и евангелизација".

Папата исто така напомна и неколку примери на вистинска и голема Вера који ѓи одбележаа изминатите две илјади години: со вера Марија веруваше во зборовите на Ангелот дека ќе стане Мајка на живиот Бог, со вера Апостолите оставивија сè за да го следат Учителот, со вера учениците ја формираапрвата заедница собрана околу учењето на Апостолите, со вера мачениците го дадоа својот живот, со вера мажит и жените ги посветија своите животи на Христа. "Со вера живееме и није: за живото признавање на Господ Исус Христос, присутен во нашиот живот и историјата".










All the contents on this site are copyrighted ©.