2011-07-11 14:29:53

Папата на Ангеловиот Поздрав: Бог не не присилува да веруваме во него, но не привлекува со Својата љубов


Бог не не присилува да веруваме во Него, но не привлекува со вистината и добрината затоа што љубовта секогаш ја почитува слободата – рече Папата за време на Ангеловиот Поздрав во дворот на Апостолската палата на Кастел Гандолфо, каде што пристигна минатиот четврток. Бенедикт 16-ти по повод на „Недела на морето“, испрати апел во корист на заложниците киднапирани од пиратите.

Топло добредојде за Папата на Неговиот прв „Ангел Господов“ од летниот период во Кастел Гандолфо. Бенедикт 16-ти ја коментираше параболата за сејачот. Исус – рече Папата – „е идентификуван со сејачот, кој го расфрлува насекаде доброто семе на Словото Божјо, и сфаќа дека постигнува различnи ефекти, во зависност од начинот на кој тоа семе е прифатено“:

Има такви кои површно го слушаат Словото но не го прифаќаат; има такви кои за момент го прифаќаат, но немајќи континуиrаност губаат се; постојат такви кои се загушени од грижи и искушенија од светот; но има и такви кои слушајќи примаат се како добрата почва: во тој случај Словото носи многу плодови во изобилство“.

Учениците Негови го прашуваат Исуса зошто зборува во параболи. Исус им одговара со поставување на разлика помеѓу нив и толпата:

„На учениците, односно на оние кои одлучиле да одат по Него, Тој може да зборува отворено за Царството Божјо, додека на другите треба да го најави во параболи, за да се стимулира одлуката, обраќањето на срцето; параболите, всушност, бараат повеќе напор да се протолкуваат, ја предизвикуваат интелигенцијата, но исто така и слободата“.

Свети Јован Златоуст вели дека „Исус ги изговори тие зборови со намера да ги привлече слушателите Свои и да се осигура дека, доколку му се обратат Нему, Тој ќе ги излекува“:
„Всушност, вистинската ’Парабола’ Божја е самиот Исус, неговата Личност која, во форма на човештвото, ја крие и во исто време ја открива божественоста. На тој начин Бог не не присилува да веруваме во Него, но не привлекува со вистината и добрината на Својот Воплотен Син: љубовта, всушност, секогаш ја почитува слободата“.

Папата потоа потсети дека на 11 јули, понеделник, светата Црква го слави празникот на св. Бенедикт, игумен и Покровител на Европа:

„Земајќи го во предвид истото ова Евангелско читање, гледаме во него учител и пример за слушањето на Словото Божјо. Секогаш треба да научиме од големиот Патријарх на западното монаштво да му дадеме на Бога тоа што му припаѓа, ставајќи гo на прво место, принесувајќи Му, со утрински и вечерни молитви, сите секојдневни активности. Прсвета Дева Маија ни помага да бидеме, по нејзин пример, ’добрата почва’ каде што семето на Словото Божјо би можело да донесе многу плодови“.

По Ангеловиот Поздрав, по повод на таканаречената „Недела на Морето“, т.е. Денот за мисионeрството по морската средина, испрати посбен поздрав до капеланите и волонтерите кои посветуваат пастирска грижа на морнарите, рибарите и нивните семејства. Затоа посебно своите молитви ги упати во накана на „морнарите кои за жал се заложени од страна на пиратите“. До ден денес, бројот на заложени изнесува околу 800 луѓе, но и понатаму тој број не почнува да се намалува:

„Се надевам дека ќе бидаат третирани со почит и човечност. Се молам за нивните семејства, за да бидаат силни во верата и да не ја изгубаат надежта за враќање на нивните најмили во што побрзо време.“.











All the contents on this site are copyrighted ©.