Не на арогантноста и на успехот по секоја цена: така Папата го покажува патот на љубовта
Христова, сеќавајќи се на многу сиромашни и на многу незадоволни богаташи
Не на арогантноста и на успехот по секоја цена: така Папата го покажува патот на љубовта
Христова на човештвото во кое „многу луѓе се угнетувани од материјални потешкотии,
помеѓу кои, многу од нив имигрирани“, и „многу луѓе богати незадоволни, дури и депресивни“.
„Вистинскиот
лек за раните на човештвото, било материјалните, како гладот и неправдата, било оние
психолошките и моралните предизвикани од лажна утеха, е нормата на животот базирана
на братската љубов, која свој извор наоѓа во љубовта Божја“. На тој начин Бенедикт
16-ти му зборуваше на денешното човештвото земајќи дел од евангелието по Матеј каде
што се зборува за „кога Исус одеше по Галилеја, нагласувајќи го Царството Божјо и
лекувајќи многу болни, чувствуваше сожаление за народот, бидејќи беа уморни и беспомошни
, како овци без пастир“. Исус од овој народ бараше само кроткост и смирено срце, како
и на народот од денешно време, рече Папата:
„... толку многу луѓе оптоварени
се со тешки услови за живеење, но исто така многу од нив не наоѓаат значење и цел
на својата егзистенција".
Папата зборуваше за сиромашните и богаташите:
„Многумина
беспомошни се наоѓаат во посиромашните Земји, но и во побогатите Земји има многу луѓе
кои се незадоволни, дури и болни од депресија".
Светиот Отец особено се
потсети и на оние кои имаат драматичен живот како што е миграцијата:
„Да
помислиме и на бегалците, кои емигрирајќи рискираат со својот живот".
Исус
дава шанса за „обнова“, но под еден услов: да се прегрне законот на љубовта:
„За
тоа потребно е да се остави патот на арогантноста, на насилството со кои се обезбедuvaат
позиции на поголема моќ, се осигуруваат успеси по секоја цена".
Неколку
зборови и за амбиентот:
„Исто така и премаамбиентотпотребно е да се откаже од арогантноста која доминираше во последните векови
и да се присвои една кроткоста".
Постојат и човечки односи во кои – рече
Папата – не може да се заборави достоинството на секоја личност:
„Во човечките
односи пред се нормата на почитта и на ненасилството, т.е. силата на вистината е онаа
која може да осигура иднина достојна на секој човек".