2011-06-16 10:08:27

Бенедикт XVI на генералната аудиенција: без Бога човекот се претвора во роб на тоталитарните идеологии и новите идолопоклонства


На Божјата полнота, верникот треба да одговори со сета своја љубов. Тоа е повикот упатен од Папата за време на катехезата за време на генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, која што ја посвети на личноста на пророкот Илија. Со неа тој продолжи циклусот во кој зборува за силата на молитвата. Папата потсети дека во антиката, кога Израел попушта пред искушенијата на идолопоклонството, пророкот Илија го поставува народот пред единствената вистина, го води до спасението. Таму каде што Бог не е присутен, истакна Бенедикт XVI, човекот станува роб на тоталитарните идеологии и нихилизмот.

Во катехезата Папата ги стави во фокусот вистинската вера и идолопоклонството, споредувајќи го пророк Илија со следбениците на Ваал во Израел во ІХ век пред н.е Папата посочи дека и денес, како и пред три илјади години, човекот станува роб, ако се оддалечи од Бога:

"Каде што недостасува Бог, човекот паѓа под ропството на идолопоклонството. Сведоштво за тоа се современите тоталитарни режими со нивното идолопоклонско ропство, така и различните форми на нихилизам кои го прават човекот зависен од идолите".

Папата потсети дека во времето на пророкот Илија во Израел царувал синкретизмот кој што го доведува народот да го обожава Господа заедно со Ваал. За да го разобличи тоа лудо однесување, Илија го собира израелскиот народ на гората Кармил и го поставува пред потребата да избира меѓу Господ и Ваал. Тука, истакна Светиот Отец Папата, се издвојува "измамата реалност на идолот":

"Обожавањето на идолите не го отвара човековото срце кон Различното и воедно себичноста ја прекинува врската која ќе ги одведе луѓето кон љубовта и меѓусебното донирање, туку ги затвора луѓето во ексклузивниот и безнадежниот круг на егоцентризмот. Заблудата е толку голема, што за обожавањето на идолите човекот е принуден на надворешни активности со илузорни обиди да ги покори на сопствената волја ".







All the contents on this site are copyrighted ©.