2011-06-10 09:44:49

Папата на генералната аудиенција: европските нации треба да гo заштитат семејството основано со бракот


Европа не треба да се плаши од Бог, туку да ги чува и ажурира своите христијански корени: тоа го рече Папата на денешната генерална аудиенција, која што ја посвети на својата посета на Хрватска на 4 и 5 јуни по повод Националниот ден на католичките семејства. Папата потсети на основните моменти од посетата и особено на улогата на христијанското семејство во Црквата и модерното општество:

"Во денешна Европа, народите со здрава христијанска традиција имаат специјалната одговорност да ја заштитат и промовираат вредноста на семејството основано на бракот, кој што останува основен елемент во образовните и јавните области. Оваа порака има особено значење за Хрватска, со нејзиното богато духовно наследство, која се очекува да биде придодадена кон ЕУ ".

Папата се осврна на големата литургија на хиподромот во Загреб со хрватските семејства и посочи дека "пред порастот на поделбите и разводите, брачната верност останува најзначајното сведоштво на Христовата љубов". Ова сведоштво е и "првото воспитување во верата".

"Од него децата сваќаат без зборови, дека Бог е вистинска, заштитувачка и милосрдна љубов. Верата во Бог, кој што е Љубов, се пренесува пред се преку сведоштвото на вистинската брачна љубов која се изразува преку љубов кон децата, кои што се плод на таа љубов. Но оваа верност не е можна без Божјата благодат и без помошта на верата и Светиот Дух ".

Потсетувајќи на молитвеното бдеење што се одржа со хрватските млади на главниот плоштад во Загреб, Папата рече дека радоста од верата доаѓа од "откритието дека Бог е првиот кој што не сака":

"Ова откритие ни помага да се чувствуваме секогаш Негови ученици, а со тоа секогаш млади по духот! За време на бдеењето таа тајна беше едно доживување преку молитвата и евхаристичното славје, тишина во која нашата природа се среќава со Христос, се наоѓа својата полнота. Така, мојот повик за запознавање на Исуса, беше ехото од Неговото Слово до срцата на младите ".







All the contents on this site are copyrighted ©.