2011-06-01 18:30:33

Папата ja довери Црквата и светот на застапништвото на Пресвета Богородица


"Во ова Велигденско време кога го повикуваме Воскреснатиот Господ да ни го даде дарот на Својот Дух, нека ни ги довери под мајчиното богородично застапништво Црквата и светот": тоа го рече Папата синоќа по бројаницата, предводена од кардиналот Комастри и се одржа пред Пештерата на Пресвета Богородица од Лурд во Ватикан, по повод затворањето на Мајската набожност кон Богородица. "Нека Пресветата Богородица, која заедно со апостолите во гората го повика Утешителот да издејствува за секој крстен благодат за еден живот, осветлен од мистеријата на распнатиот и воскреснатиот Бог – го заврши својот говор Бенедикт XVI - дарот да биде секогаш и засекогаш подготвен да ги прифати во животот владеење на Оној Кој со воскресението ја победи смртта ". Еве целиот текст на говорот на Папата:

Почитувани браќа и сестри,
За мене е радост да се вклучам во некоја од вашите молитви пред нозете на Пресветата Дева Богородица, која што ја молиме денес, на празникот на Посетата на Дева Марија во светот Елисавета. Го поздравувам и му се заблагодарам на кардиналот Анџело Комастри, Архипрезбитер на Базиликата Свети Петар, на присутните кардинали и епископи, и на сите вас, собрани тука вечерва. На крајот на Мајската набожност кон Богородица, би сакале да го приклучиме нашиот глас до оној на Марија, на нејзината сопствена химна на пофалби; со неа заедно би сакале да го прославиме Господа за чудата кои што продолжува да ги прави во животот на Црквата и на секој од нас. За сите нас беше и останува извор на голема радост и благодарност незаборавниот Блаженство на Јован Павле II со кое што го почнавме овој месец на Богородична набожност. Животот на овој голем Папата е огромен дар на благодатта за целата Црква! Неговото сведоштво продолжува да ги осветлува нашите животи и ни ја дава насоката за да бидеме вистински следбеници на Господа, да го следиме со храброста на верата и да Го сакаме со истиот ентузијазам со кој тој Му го дарува својот живот.










All the contents on this site are copyrighted ©.