2011-03-15 17:00:11

Бенедикт ХVІ на молитвата на Ангеловиот: Големиот пост значи вистинска борба против злото и гревот


„Затемнувањето на Бог неизбежно се содржи од затемнувањето на гревот”. Бог не ја посакува смртта на грешникот, него негово обраќање, против неговата помисла за спасение на луѓето ѓаволот полетува со сите сили. Ова го истакна Папата. На првата посна недела Папата ги повика верниците да ја бараат вистинската слобода и да ја откриеме смислата на гревот, кој е причина за секое зло. Вистинската борба е против духот на злото и затоа верникот треба да се спротивстави на гревот.


За Црквата Големиот пост е духовен пат во подготовката за Велигден, рече Папата. Тоа значи „да се следи Исус, кој решително оди кон крстот – врв на Неговата спасителна мисија”:


Зошто постои Големиот пост и крстот? Одговорот е затоа што постои злото или попрецизно гревот, кој според Светите Писма е причината за сите зла”.


„Ова тврдење, сепак, не го признават сите – додаде Папата – многомина не го сметаат зборот „грев”, бидејќи го подрзбираат како верска визија за светот и човекот” :


Точно е дека ако Бог биде отстранет од светот не може да се зборува за гревот. Како, ако се скрие сонцето, исчезнуваат и сенките. Зашто сенката се појавува само кога има сонце. На ист начин, затемнувањето на Бог, неизбењно го вклучува и затемнувањето на гревот. Затоа, чувството за гревот – е различно од чувството на вина, според психологијата – се добива откривајќи го чувството за Бог”.


„Односот на Бог против моралното зло – појаснува Папата – е да се спротивставиме нагревот и да се спаси грешникот”:


Бог не го трпи злото, бидејќи Тој е Љубов, Правда и верност. Затоа Тој не ја сака смртта на грешникот, туку да се обрати и продолжи да живее. Бог се меша за да го спаси човештвото:
тоа може да се види низ целата историја на еврејскиот народ, почнувајќи од ослободувањето од Египет. Бог е решен да ги ослободи своите чеда од ропството, за да ги поведе кон слободата. Најтешкото и длабоко ропство е токму гревот”.


Затоа Бог го испраќасвојот Син на земјата, Продолжи Папата: „за да ги ослободи луѓето од владеењето на Сатаната, кој е почеток и причина за секој грев”. Тој го испрати во нашето земно тело за да стане жртвено јагне, умирајќи за нас на крстот”.







All the contents on this site are copyrighted ©.