Папата на генералната аудиенција : постот е воздржување од злото и живот според Евангелието
„Големите пости се патот на кој го придружуваме Исус, искачувајќи се до Ерусалим:
местото каде ќе биде исполнета тајната на Неговото страдање, смрт и воскресение”.
Ова го изјави Папата на генералната аудиенција која се одржа денеска во Ватикан и
која се совпаѓа со почетокот на Великиот Пост – Пепелна Среда. Папата ги повика верниците
да влезаат во великопостното време со секојдневно преземање на својот крст и да го
следаат Христос.
Ова е поклонничество на верата, изјави Папата, не „потсетува
дека христијанскиот живот е пат кој треба да се изоди. Тој се изразува не толко во
почитувањето на законот, него во самата личност на Христос, која треба да ја сретниме
прифатиме и следиме”. „Исус ни кажува: „Ако некој сака да оди по мене, нека се откаже
од себе, да го зеде својот крст и да ме следи”:
„Црквата знае
колко е тешко, поради нашата слабост, тивко да застанеме пред Бог и да ја признаеме
нашата состојба на создавање кои зависат од Него, грешниците имаат потреба од Неговата
љубов, затоа во Великопостното време таа не повикува кон една верна молитва и на подолго
размислување над Словото Божјо”.
Бенедикт ХVІ потсети дека пред
се Литургијата е таа што не води по патот со Господ, за да се потсетиме на настаните,
подарок на нашето спасение. Но, тоа „не е само сеќавање или спомен од минатите факти”,
истакна Светиот Отец, затоа овие гестови во црквата „спасувачки настани стануваат
актуелни”:
„Учеството во литургијата значи да го потопиме нашиот
живот во тајната на Христос; да се изоди патот преку кој влегуваме во
Неговата смрт и воскресение, за да добиеме вечен живот”.
Светиот
Отец го сврте своето внимание на „посебната врска меѓу Великопостното време и Крштението,
перку кое човекот се одрекува од гревот и станува учесник на новиот живот со Воскреснатиот
Христос. Оттука и повикот на Папата на верниците да се подготват достојно за пасхалната
тајна, почитувајте ги традициолните практики на постот, милостиња и молитва.
Постот
не е само апстиненција од храната, но се изразува и во „ други форми на воздржување
за еден умерен живот”, рече Папата. Тоа е „надворешен знак на една внатрешна реалност;
на нашиот напор, со Божја помош, да се воздржуваме од злото и да живееме според Евангелието”.
Милостињата, не е само за „богатите и имотните”, но исто така и за оние кои живеат
во „скромни и сиромашни услови”, бидејќи „и покрај неравноправноста во сопственоста
на материјалните добра, сите можат да бидат еднакви во милосрдието и чуствата на душата”.
Молитвата се карактеризира со „смирение и љубов во постот и милостињата, да се воздржуваме
и да ги простуваме навредите, што станува извор на добрите нешта, заборавајќи ги лошите”:
„Драги
пријатели, нека во тоа Великопостно време да сме внимателни, да го слушаме повикот
на Христос и да го следиме поодлучно и доследно, обнобубајќи ја благодатта и да ги
преземиме обврските при Крштението. Да го напуштиме стариот човек во нас и да се облечеме
во Христос, за да можиме да дојдеме обновени на Пасхалната ноќ и да кажиме заедно
со Свети Павле: „веќе јас не живеам, туку Христос живее
во мене”. Лесни пости на сите!”.