2011-02-28 10:30:50

На Ангеловиот Поздрав Папата потсети дека не може да се служи на двајца господари: на Бога и на Ногатството


Да се има верба во Провидноста и сите стравови, потешкотии и проблеми да се препораќаат за иднината. Покната на Бенедикт 16-ти, инспирирана од зборовите на пророкот Исаија во читањето од неделната литургија, и од Евангелието од Матеј, каде што Исус ги повикува своите ученици да не се грижаат за непотребни работи, да не се прашуваат „Што ќе јадеме? Што ќе пиеме? Што ќе облечеме“ туку да веруваат во небесниот Отец, кој ги познава нашите потреби. Овие Исусови зборови – рече Папата – „би можеле да изгледаат малку нереални, ако не и двомислени“, „во однос на ситуацијата на многу луѓе, блиски и далечни, кои живеат во беда“.


„Всушност, Господ сака со сигурност да разбереме дека не може да се служи на двајца господари: Бога и богатството. Кој верува во Бога, Отецот полн со љубов за своите синови, на прво место го бара неговото Царство, неговата волја“.


„Тоа е – рече Светиот Отец – токму спротивното на фатализамот и наивното соединување на рлигиите.“


„Верата во Провидноста, всушност, не не ослободува од тешката борба за еден достоинствен живот, туку не ослободува од грижата за работите и стравот во иднината.“


„Јасно е дека оваа учење на Исус – додаде Папата – кое секогаш е вистинито и важи за сите, се практикува на различни начини во зависност од различното интерпретирање“.

„Еден францискански монах Исусовото учење би можел да го следи на порадикален начин, за разлика од еден татко на една фамилија кој треба да се грижи за своите обврски кон сопругата и децата. Во секој случај, сепак, христијаните се разликуваат од другите во тоа што имаат апсолутна верба во Небесниот Отец, како што беше и за Исус“.


Значи токму „односот со Бог Отец – објасни Папата – му дава значење на целиот живот на Исуса Христа, на неговите зборови, неговите дела на спасението, се до неговото страдание, смрт и воскресение.“


„Исус ни покажа што значи да се живее со нозе добро засадени по земјата, внимателни на конкретните ситуации на ближниот, и во исто време имајќи го срцето секогаш насочено кон Небото, во длабочините не Божјата милост“.


Бенедикт 16-ти нашите животи, процесот на Црквата, настаните од историјата ги довери на Мајката на Божјата Провидност.


„На посебен начин ја повикуваме да ни биде наша посредница за да можеме да научиме како да живееме поедноставно и поскромно, во секојдневните активности и во почитувањето на целото створение, кое Бог нам ни го довери да го чуваме“.








All the contents on this site are copyrighted ©.