2011-02-22 13:29:46

Папата на Ангеловиот Поздрав: Секогаш да се избегнуваат одмаздата и омразата дури и кога се страда од неправди


Кој го прима Бога во својот живот, тој реализира нов живот инспириран од љубовта: Бенедикт 16-ти зема дел од недамнешните библијски читања за да ни насочи дека кога се страда од некое зло не треба да се возврати со омраза. И потсетувајќи за празникот на св. Петар, бара од сите духовни пастири „нов стил“ вкоренет од вистинската љубов.


„Кога се страда од некое зло, прогонство и неправда, да не возвратиме со омраза и одмазда, туку да се молиме за непријателите“. Тоа се зборови, кои Светиот Отец ги изрече на полски јазик, објаснувајќи ги зборовите од неделното Евангелие во кое Исус вели: „Љубете ги вашите непријатели“.


Папата говорејќи за страданијата поттикна надеж во Бога со цел да се постигне слобода и духовен мир. Бог воспостави социјална правда во заповедта: „Сакај го ближниот како самиот себеси!“ Ако го слушаме Исуса, Бога кој зема човечко тело за да би бил поблиску до секој човек и да ни ја открие бескрајната љубов, ќе го слушнеме истиот повик, истата „смела цел“. Папата го истакна зборот „смел“ за да не подсети на Божјиот повик да бидеме „совршени како Бог-Отец“. Папата потоа одговори на прашањето кое ској од нас би си го поставил: како да го имитираме Исуса:


„Кој го прима Исуса во сопствениот живот и го љуби со сето свое срце способен е за еден нов почеток. Успева да ја исполни волјата Божја: да реализира нова форма на егзистенција втемелена на љубовта и одредена за вечноста“.


Папата додаде:


„Љубовта е нешто преголемо, за да го следиме Христа, таа ни овозможува полесно да ги поднесеме сите потешкотии. Љубовта не воздига кон висините, без да бидеме задржани од овоземското. Доаѓа од Бога и само во Бога може да најде одмор“.


Посебна мисла испрати и до духовните пастири:


„Драги пријатели, на 22 февруари го славиме Претседателството на Свети Петар. Нему, прв меѓу апостолите, Христос му ја довери службата како Наставник и Пастир кој духовно ќе го води Народот Божји, за да истиот Народ би можел да се воздигне до Небото. Затоа ги повикувам сите духовни Пастири да го следаат овој ‘нов стил на живот’ кој самиот Исус Христос им го даде на Апостолите“.


Во поздравниот говор, на француски јазик Светиот Отец истакна дека љубовта кон ближниот „способна е да го промени светскиот поредок отфрлувајќи ги лажните идоли кои ни се предложени“. На англиски јазик ги поздрави младите пејачи на лондонската Школа посветена на спомен на Кардиналот Херберт Вауган, Архиепископ на Вестминстер и оновач на мисионерското Друштво св. Јосип. Папата потсети дека неговото мото е „Да се љуби и да се служи“. На шпански јазик испрати поздрави до колумбијците, потсетувајќи ги кога папата Јован Павле 2-ри пред 25 години ја посети Колумбија. Бенедикт 16-ти ги повика луѓето од Колумбија, исто така како и сите останати од целиот свет да се обидат да изградат „братство и хармонија меѓу луѓето без никаков изклучок“.








All the contents on this site are copyrighted ©.