2011-02-14 15:35:05

Папата на Ангеловиот Поздрав: жалниот случај на децата роми починати во нивната колиба не запрашува дали едно посолидарно општество не би можело да спречи таков трагичрн настан


Папата Бенедикт 16-ти осврнувајќи се на „Беседата на гората“, посочи дека милоста и љубовта Божја се столбови на полнотата на Христовиот закон. Жалниот случај на 4-те деца роми кои починаа минатата недела во нивната изгорена колиба – рече Папата – не запрашува дали едно посолидарно христијанско општество не би можело да спречи таков трагичен настан. Зборови кои ги растажи сите присутни на плоштадот св. Петар затоа што во овој момент беа присутни и родителите на децата придружени од Заедницата нс св. Еџидио. Тоа што е ново кај Исус – ддаде Светиот Отец – е фактот што Тој „ги исполнува заповедите со љубов Божја.


Во пораката од неделното Евангелие Исус фо прокламира новиот Закон – Тората. Исус вели дека не дојде помеѓу луѓето да го поништи Законот, туку да му даде целосно исполнение. Говорејќи им на своите ученици, додава дека ако нивната праведност не ја надмине онаа на книжниците и фаризеите, нема да влезаат во царството небесно. Но во што се состои оваа „полнота“ на Христовиот закон и оваа „поголема“ праведност која Исус ги бара?:


„Исус ги објаснува преку серија на контрасти помеѓу старите заповеди и начинот на кој Тој ги врши. Секогаш почнува вака: ’Сте слушнале дека им беше кажано на старите...’, и потоа потврдува: ’но јас ви велам...’. На пример: ’сте слушнале дека на старите им беше кажано: ’Не убивај; кој убива ќе биде подложен на суд’. Но јас ви велам: ’Кој е лут на својот брат треба да биде подложен на суд’ (Мт 5, 21-22)".


Овој начин на зборување – објасни Папата – кај луѓето изразуваше голем впечаток, останувајќи исплашени, „затоа што оваа „јас ви велам“ е значи дека Исус ја има истата Божја власт, извор на Законот:


„Новото кај Исуса во суштина се состои во фактот дека Тој ги ’дополнува’ законите со љубвта Божја , со силата на Светиот Дух кој е во Него. А ние, преку верата во Христа, можеме да го прифатиме делото на Светиот Дух, кој не прави способни да ја живееме божјата љубов. Затоа, секое правило станува вистинито како услов за љубовта, и сите се заедно во една единствена заповед: сакај го Бога со сето свое срце и сакај го ближниот како самиот себе си“.


Потсетувајќи се на зборовите на св. Павле и однесувајќи се на последните и драматични настани, Светиот Отец додаде дека „полнотата на законот е љубовта“:


"Соочени со оваа прашање, на пример, жалниот случај на 4-те деца роми, кои починаа минатата недела во нивната изгорена колиба, во периферијата на овој град, ни поставува за прашање дали едно посолидарно братско општество, поконзистентно во љубовта, т.е. похристијанско, не би можело да спречи таков трагичен настан. Оваа прашање се однесува и за многу други болни настани, кои се случуваат во нашите градови и нашите држави".


И не е случајно – рече Бенедикт 16-ти – што првата голема Исусова проповед е наречена „Беседа на гората“. Мојсеј – додаде папата – се искачи на гората Синај за да го добие законот Божји и да го донесе на избраниот Народ:


„Исус е Синот Божји кој слезе од Небото за да не однесе на Небото, во висините на Бога, преку патот на љубовта. Всушност, самиот Исус е патот: не треба ништо друго да правиме освен Него да го следиме, за да ја ставиме во пракса волјата Божја и да влеземе во неговото Царство, во вечниот живот".


Само едно од созданијата Божји – потсетува папата – стигна на врвот од гората: Пресвета Дева Марија. Благодарение единството со Христа, нејзината правда беше совршена. Затоа – залучи папата – „да и се довериме, та исто така да ги води и нашите чекори во верноста на Христовиот Закон“.








All the contents on this site are copyrighted ©.