2011-02-03 16:05:28

Папата на Генералната аудиенција: молете се за да го сакате Бога и ближните во едно општество кое има недостаток од духовни вредности


Треба навистина да се молиме за да научиме да го сакаме Бога и браќата: повилуваше папата Бенедикт 16-ти на вшерашната Генерална аудиенција во салата Павле 6-ти, посветена на Св. Тереза Авилска, наречена „еден од водачите на христијанската духовност на сите времиња“. Папата ги истакна поважните моменти од големиот мистик од Авила, која живееше во XI век, потврдувајќи колку беше актуелен нејзиниот повик за медитација и контемплација. Денешната катехиза, објасни Папата, е прва од кратката серија од презентацијата на Докторите на Црквата, за која папата Бенедикт 16-ти веќе беше зборувал порано.


Сите сме жедни за Бога, сите „во длабочините на нашите срца“имаме желба за Бога и да му бидеме пријатели: изјави Папата во катехизата посветувајќи ја на големиот мистик од Авила. Папата истакна дека „во нашето општество, често во недостаток на духовните вредности“, Св. Тереза „не учи да бидеме неуморни Божји сведоци, за неговото присуство и неговата активност“:


"Примерот од оваа контемплативна светица не тера и ние исто така секој ден да посветуваме доволно време за молитва (...) зашто времето за молитва не е изгубено време, туку тоа е време во кое се отвара патот кон вистинскиот живот каде можеме да научиме од Бога за љубовта кон Него, кон неговата Црква и една конкретна љубов кон нашите браќа".


Папата потсети дека за Шпанската светица, реформатор на кармелитанскиот ред, да се моли значи со пријателство да се посетува „Господ кој не љуби. Значи ги истакна суштинските точки на длабоката духовност на Тереза“:


"На прво место, Св. Тереза ги нуди доблестите од Евангелието како основа на целиот христијански и човечки живот: особено што се однесува и до сите нас е одвоеността од добрата или евангелската сиромаштија; љубов еден за друг како суштински елемент од општествениот и заеднички живот; понизноста како љубов на вистината; теолопката надеж како жед за жива вода".


Но сепак, додаде Папата, Св. Тереза не ги заборава и човечките доблести: „добрината, верноста, скромноста, милоста, среќата, културата“. Папата потсети и за најпознатото мистично дело на Тереза, „Внатрешниот замок“, реинтерпретација за нејзиниот напредок на духовниот живот и во исто време кодификација за христијанскиот живот кон совршенство. Потоа се врати да медитира што значи да се моли за Св. Тереза Авилска:


"Молитвата е чивот и постепено се развива паралелно со развојот на христијанскиот живот: почнува со изговорена молитва, минува низ интернализација преку медитација и размислување, за да се постигне до единство на љубов со Христос и цо Пресветата Троица".


Папата потсети за пријателството на Св. Тереза со Св. Јован од Крстот, со кој го гради првиот манастир на Босите Кармелитани. Не заборави да спомне и за автобиографијата на Св. Тереза, насловена „Книга на животот“, во која ја доставува својата душа до расудување од „Господарот на духовните“, Св. Јован од Авила:


"Целта е да се истакне присуството и дејствувањето на милосрдниот Бог во нејзиниот живот: затоа, делото ја прикажува молитвата често какодијалог со Господ. Тоа е едно фасцинантно дело за читање, затоа што Светицата не само што раскажува, туку и покажува дека доживува длабоко искуство во нејзиниот однос со Бога".


На крај, Папата истакна и други теми посебно драги на Света Тереза: сржта на човештвото Христово и љубовта кон Црквата:


"Света Тереза живее една безусловна љубов на Црквата: таа покажува едно живо ‘чувство на Црквата - (sensus Ecclesiae)’во однос на епизодиите на конфликти и поделби во Црквата од нејзино време. Реформира кармелитански ред со намера подобро да и служи и да ја брани ‘Светата Римокатоличка Црква’, и подготвена е да го даде својот живот за неа".


За време на Генералната аудиенција се случи еден симпатичен бис, кога додека Папата поздравуваше на англиски јазик, едно дете поминувајќи ги бариерите, му се приближи на Папата со кого разменија неколку зборови пред да биде вратен на своето место. На самиот крај од ауденцијата, Папата ги поздрави монс. Винченцо Паља и другите пријатели од Заедницата на Св. Еџидио, здружение кое денес полни 43 години е неговото основање.







All the contents on this site are copyrighted ©.