2011-01-24 17:54:53

Папата: христијаните со својoт стил во социјалната мрежа сведочејќи го Евангелието


Христијаните повикани да влезат во веб комуникацијата со доверба и креативност, бидејќи "мрежата" е составен дел од човечкиот живот: тоа го пишува Папата во пораката за 45-тиот Светски ден на Социјалните комуникации, кој Црквата го одбележува на 5 јуни, Вознесение Господово.Папската порака е насловена како "Вистина, известување и автентичен живот во дигиталната ера".
Според традицијата, пораката беше претставена на 24 јануари, литургискиот празник на Свети Франциско Салски, покровител на католичките новинари, од архиепископот Клаудио Читале, претседател на Папскиот совет за социјални комуникации и секретарот на министерство, Монс.
Пол Тигел.


Во пораката Папата ја споредува ерата на интернетот со големите промени кои дојдоа со индустриската револуција: "Новите технологии не само што го менуваат начинот на комуникација, а самата комуникација ... настаната со нов начин на разбирање и размислување, дава непознати можности за воспоставување на односи и градење на заедништво".


Црквата не може да остане рамнодушна кон "исклучителниот потенцијал на интернет мрежата", пишува Папата: "христијаните треба да се обратат со доверба, отвореност и одговорност во мрежата на односите, станува можна преку дигиталната ера. Не само поради желбата да присуствуваат, а бидејќи оваа мрежа е составен дел од човечкиот живот". Веб комуникацијата, додава Папата", придонесува за развојот на нови и комплексни форми на интелектуално и духовна свест, како и на заедничка свест". Токму затоа и во оваа област имаме повик да ја навестуваме нашата вера дека Христос е Бог, Спасител на луѓето и на историјата ".







All the contents on this site are copyrighted ©.