2011-01-21 10:25:24

Папата: Првата христијанска заедница, модел на единство за денешните христијани


Историјата на екуменското движење, без оглед дека е "обележана со тешкотии и несигурност", е исто така "историја на братски односи". Тоа го рече Папата во катехезата за време на генералната аудиенција, којашто ја посвети на молитвата, осмодневница за христијанско единство, која започна на 18 јануари. Повикувајќи се на темата на молитвената осмодневница, Папата посака во Црквата да нема сиромашни и христијани по потреба.

Единствени во поуката на Апостолите, споделувањето на добрата, прекршувањето на еухаристичниот Леб и молитвата. Тоа, рече Папата, се "четирите пиластри" на првата христијанска заедница, но тоа се и пиластрите на екуменското движење. Затоа, следејќи го патот нарушен од нивните предци во верата, христијаните треба да ја стават во нив "единствената солидна основа врз која ќе напредува видното единство на Црквата". Ако пред две илјади години христијаните беа видливо во заедништво, тоа беше благодарение на "четирите карактеристики", кои ги разликуваат од сите други и избрани како тема на молитвата осмодневница 2011 и кои Папата разгледа посебно. На прво место, рече Папата, потребно е да тргнеме од слушањето на Евангелието, со таа вера со којашто во минатото се слушаа дванаесетте Христови ученици.
 







All the contents on this site are copyrighted ©.