2011-01-14 11:10:07

Мадрид: подготвителна средба за СMД со учество на 300 делегати од 84 земји


Светскиот младински ден (СМД) во Мадрид 2011 ќе биде мисионерски настан. Во тоа е убеден кардиналот Антонио Роуко Варела, архиепископ на шпанската престолнина, којшто ја отвори денеска во царскиот дворец Ескориал подготвителната средба за светскиот форум. На средбата учествуваа 300 делегати од 84 национални епископски конференции и 44 црковни движења, групи и здруженија. Покрај разговорите поврзани со организацијата за време на тридневниот состанок учесниците ќе ги посетат местата-симболи на младинската средба во Мадрид, која ќе се одржи од 16 до 21 август во присуство на Папата. По повод подготвителната средба во Мадрид пристигна и кардинал Станислав Рилко, претседател на Папскиот совет за мирианите, според кого за изминативе 25 години светските младински денови станаа "вистинска лабораторија на верата, благодарение на милионите млади коишто го промениле својот живот по нивната средба со Исуса" . За кардинал Рилко тоа е "нова генерација на млади луѓе, кои ја имаат дадено својата согласност на Христос и Неговата Црква" и коишто во лицето на Светиот Петров Наследник имаат откриено еден пријател и сигурен водач во нивниот живот". "СМД веќе започна - изјави кардиналот Рилко - што може да се види од започнатото поклонување на крстот на СМД во сите шпански епархии.







All the contents on this site are copyrighted ©.