2010-09-20 19:05:39

Папата го прогласи кардиналот Њуман за блажен


Во омилијата на неделната миса која се одржа во Бирминген и на која беше кардиналот Њунман беше прогласен за блажен, Светиот Отец го повтори кардиналовиот апел за интелигенција и понизност во световниот живот. Воедно ја пофали и храброста на британскиот народ, кој славеше 70 годишнина од „Британската борба против нацизмот“. Празничен ден, врв на радоста на незаборавеното апостолско патување на Папата Бенедикт 16-ти кој пред повеќе од 60 илјади присутни на свечената света миса во паркот на Бирминген го прогласи за блажен кардиналот Њуман, еден од најпознатите синови на британскиот народ. За негов помен како литургиски празник ќе се слави секоја година на 9 октомври. Евангелието го читаше американскиот ѓакон Џон Суливан, кој по посредување на блажениот Њуман чудесно оздравел од многу тешка болест на каскена срж.

Папата во својата проповед истакна како во блажениот Њуман може да се препознае „светоста на Исповедник“ кој со проповедта, поучувањето и делата пружел сведоштво во свештеничката служба. Во новиот блажен – рече Папата – откриваме „учтива британска традиција на поучувањето, на длабоката мудрост и на големата љубов кон Господа, што резултира со обилни дарови на светоста. Неговото мото ‘срцето му зборува на срцето’ ни овозможува да видиме дека тој христијанскиот живот го подразбирал како повик на светост, пренасочена до човечкото срце за да влезе во интимно единство со срцето Божје. Тој не потсетува како верноста кон молитвата постепено не преобразува во боженствена слика. Учењето на Њуман всушност објаснува како еден христијанин засекогаш се става во служба на единствениот и вистинскиот Учител, кој на секој му доделил посебна задача – рече Бенедикт 16-ти.

Говорејќи Светиот Отец за интелектуелната работа на Њуман, рече дека неговото разбирање за односот помеѓу верата и разумот, за животниот простор објаснети од страна на религијата и цивилизираното општество, не биле важни само за Велика Британија, туку и денес инспирира и просветлува многу луѓе во светот. Тие се во сржта на денешните Католички училишта и универзитети. Се противел на утилитарниот пристап за образование, а во спротивно се залагал за образование во кое интелектуалната едукација, моралната дисциплина и верската посветеност се одвиваат паралено. Светиот Отец потсети на неговиот познат апел за интелигентност и добро обучување на лаикатот, кој не е арогантен и не е контроверзен во говорот, кој многу добро знае во што верува. Папата посака да неговата визија ги инспирира сите оние кои се вклучени во наставата и во катехизата.


Говорејќи пак за пастирскиот живот и за делата на кардиналот Њуман, Папата ја истакна неговата „топлина и хуманост“. Тој своето длабоко човечко разбирање за свештеничката служба го живеел за времето додека бил во ораториумот кој го беше отворил во Бирминген, посебно посетувајќи ги болните, сиромасите и затворениците. Кога почина, илјадници луѓе беа по улицата испраќајќи го неговото тело на вечен одмор, место оддалечено на половина милја овде. Затоа, и денес е многу убаво, после 120 години, да се види мноштво насобрани овде за да се признае светоста на овој возљубен татко – рече Папата. Потоа зборуваше и за 70 годишнината од „Британската борба“ протпив нацизмот.

Јас кој преживеав и долго се напатив поради мрачните денови на нацистичкиот режим во Германиа, за мене е многу возбудливо да се биде со вас во оваа прилика потсетувајќи се колку ваши сограѓани ги жртвувале сопствените животи, кои храбро со сопствените сили се спротивставиле на лошите идеологии. Особено мислам на Ковентри, кој претрпел грозно бомбардирање и голем број на човечки животи во ноември 1940 год. По 70 години со срам и ужас се сеќаваме на загубените животи и уништувањето кое војната ги носи со себе – рече Светиот Отец, заложувајќи се за мир и помирување на секое место каде што има опасности од конфликти.

Пред молитвата Ангел Господов, Папата ги поздрави верниците во Севиља, каде во саботата беше прогласена за блажена с. Марија Пурисима де ла Круз. Таа да ги инспирира сите млади жени да го следат нејзиниот пример за бескрајната љубов кон Бога и ближниот. Додека во неделата, во Мунстер – Германија, за блажен беше прогласен свештеникот Гехард Хиршфелдер кој, заради противење на нацизмот, на 1 август 1942 год. изнемоштен од глад и болест почина во концентрацискиот логор во Дахау.







All the contents on this site are copyrighted ©.