2010-09-16 09:55:52

Генералната аудиенција на Бенедикт ХVІ


Папата Бенедикт 16-ти, вчера на 15 септември, на генералната аудинеција во салата Павле 6-ти, на која дојде со хеликоптер од Кастел Гандолфо, изрази загриженост поради насилствата во повеќе азијски држави, и побара да се почитува верската слобода. После катехизата посветена на св. Клара од Асизи прати и апел. Со загриженост следам се што се случува во различните подрачја на јужна Азија, посебно во Индија, Пакистан и Авганистан. Се молам за жртвите и барам почитувањето на верската слобода и логиката на помирувањето да ги надвладеат омразата и насилството – истакна Папата.


Во катехизата каде што говореше за св. Клара од Асизи, Папата наведе дека нејзиното сведочење ни покажува колку Црквата и должи на храбрите жени, како што е самата св. Клара, богата со вера, способна да придонесе за обнова на Црквата. Потсетувајќи се на нејзиниот живот, една од најобожуваните светици, Папата истакна дека херојски ги живеела доблестите кои би требале да го обележи секој еден христијанин, односно понизонста, духот на милосрдието и покајанието, та љубовта. Иако беше поглаварка, сакаше лично да им служи на болните монахињи, прифаќајќи ги и најниските задачи. Љубовта, сепак, ги надминува сите отпори, и оној кој сака, секоја жртва ја прави со радост – забалежа Светиот Отец.

Св. Клара, која е прогласена за светица од папата Александар 6-ти по две години од нејзината смрт, била првата жена во историјата на Црквата која составила писмени Правила. Како и св. Фрањо кој и бил не само учител туку и братски пријател, знаеле дека од пријателството може да се извлече силен поттик кон патот на совршенството. Светците се оние кои светот го променуваат на подобро, кои постојано го трансформираат, трошејќи енергија само од љубовта инспирирана од Евангелието. Светците се големи добродетели на човештвото – рече Папата.

На крајот од поздравите Светиот Отец посочи пример за Жалосната Пресвета Богородица, чиј ден се славеше вчера, посебно младите ги охрабти да не се плашаат да бидаат со Марија под Крстот Христов. Господ ќе ви даде храброст да ја надминете секоја пречка во секојдневниот живот – напомена Папата, а потоа се обрати кон болните, посакувајќи им во Марија да најдаат утеха и поддршка како би научиле за спасителната вредност на страдањето од расапнатиот Исус. Светиот Отец им препорача на присутните младоженци дека во тешките ситуации треба да се обратат до Жалосната Богородица, која со своите мајчински посредувања им помогне да ги надминат.







All the contents on this site are copyrighted ©.