2010-09-07 10:05:52

На Ангеловиот Поздрав Папата апелираше до младите: Бидете силни и покрај една култура на несигурност


И покрај една „неодредена култура околу основните вредности“, Папата испрати до младите еден предлог за кој што Самиот го нарекува „противречен“. Бенедикт 16-ти враќајќи се во Кастел Гандолфо по Неговата посета во Карпинето Романо, одлучи да посвети мало размислување околу пораката за 26-от Светски ден на младите, кој ќе се одржи во Мадрид за помалку од една година


„Вкоренени и втемелени ви Христа, цврсти во верата“: тоа е израз на апостолот Павле во Посланието до Колосјаните кој Папата Бенедикт 16-ти го избра за младите. И самиот Папа се запраша: кој им нуди денес на младите да бидаат „вкоренети“ и „цврсти“? Затоа повикува повеќе да се размислува околу културата која се чини доминантна: култура која се дефинира „неопределена во однос на основните вредности и на основните принципи кои го насочуваат и регулираат сопствениот живот“. Папата се става на исто ниво со младите.


Всушност, јас, од моето искуство и контактите што ги имам со младите, добро знам дека секоја генерација, поточно, секоја поединечна личност е повикана повторно и континуирано да ја открива смислата на животот". 

За тоа – објаснува Папата – ја избра сликата за дрвото: „Младиот, всушност, е како дрво кој е во фаза на растењето: за да се развие добро потребни му се длабоки корени, кои, во случај на невреме и големи бури, го држаат добро засаден во почвата“.

Бенедикт 16-ти исто така зборуваше и за „добрите темели“ со која што секоја куќа е сигурна. Но образложи дела темелите на малдите се посовршени. 
„Зрелоста на една личност, нејзината внатрешна стабилност, имаат свои корени во односот со Бога, врска која се поврзува преку средбата со Исус Хрисос“.


„Односот на длабока доверба, на вистинското пријателство со Исуса – вели Папата – во состојба е на младиот да му даде тоа што му е потребно за водење добар живот“.
 
„Ведрина и внатрешна светлина, способност за позитивно размислување, широк дух кон другите, подготвеност за плаќање за добрината, вистината и правдата“.


„Доколку никој не е изолиран – додаде Папата – уште помалку е христијанин, кој што во Црквата ја открива убавината на споделената и посведочената вера заедно со другите во братството и во службата на милосрдието“.


На крајот Папата испрати поздрави на различни јазици: на француски - една мисла за почетокот на училишните активности и важноста за запознавање на Бога. На англиски – за Евхаристиската слава која беше одржана во Карпинето со надеж дека учењето на Папата Лав 12-ти ќе сеуште продолжи и понатаму да ја инспирира заедницата заснована врз учењата на Хрисос. На шпански – го поздрави идниот Светски Ден на Младите во Мадрид. На полски повика на размислување за пораката за Светскиот Ден на Младите. На крај ги поздрави сите присутни од италјански јазик, а посебно групата која се спрема за Миропомазание од Санторсо ди Шо. “Специјален поздрав до заедницата на Кастел Гандолфо, која го славеше празникот на св. Себастијан“.







All the contents on this site are copyrighted ©.