2010-08-26 10:56:50

Генерална аудиенција на Светиот Отец: апел за прекин на насилството во Сомалија. Постојаност во барањето на вистината по примерот на св. Августин


За време на генералната аудиенција, која што се одржа во Апостолската резиденција во Кастел Гандолфо, Папата упати силен апел за прекин насилството во Сомалија. Во своето катехистично поучение Папата ги повика верниците да ги прифатат светците "како другари" на патот на верата и повторно се врати на темата за барањето на вистината, која е една од главните карактеристики на Свети Августин. На почетокот Папата ги насочи своите мисли кон Могадишо, од каде што и понатаму пристигнуваат вести за насилства и напади:


"Ја изразувам мојата духовна близина со роднините на жртвите и сите оние кои што во Сомалија страдаат поради омразата и нестабилноста. Ги повикувам, со помош на меѓународната заедница, да не се намалат силите за реконструкцијата и за заштитата на животот и почитувањето на човековите права". 

Во своето катехистично поучение Папата ги повика верниците да ги прифатат светците "како другари" на патот на верата и христијанскиот живот. "Секој еден од нас - истакна Папата - треба да го има светецот, кој му е близок, да го чувствува до себе со молитвата и застапништвото. Затоа е потребно да се познаваат што повеќе светците, како трага од името кое го имаме, читајќи го неговиот живот и дела:
 
"Бидете сигурни дека тие ќе се претворат во добри водачи, за да го сакате повеќе Господа и ќе биде вредна помош во вашето човечко и христијанско напредување. Како што знаете, јас сум приврзан на посебен начин кон некои светци. Меѓу нив, освен Свети Јосиф и Свети Бенедикт, чие име го носам, е Свети Августин, со кој имав можност да се запознаам на посебен начин, со учењето и молитвата, и кој што се претвори за мене во "добар другар" на патот на мојот живот и служба".


Папата ја заврши катехистичната разговор со повик до верниците:


"Почитувани браќа и сестри, сакам да ви кажам на сите - дури и на оние кои се соочуваат со тежок момент на патот на верата или кои учествуваат малку во животот на Црквата или кој што живее така, "се чини дека Бог не постои"- да не се плашат од Вистината, да не го прекинуваат патот кон неа, да не престанат да ја бараат длабоката вистина во себе и во блиските им работи, преку внатрешните очи на срцето. Бог не заборава да ја донира светлината, за да ја видиме и Топлината, за да го натера срцето да почувствува како се сака и сака да биде сакан".







All the contents on this site are copyrighted ©.