2010-08-19 10:03:03

Апел на Папата за жртвите од поплавите во Пакистан. Катeхезата Папата ја посвети на Папата Пио Х


За време на генералната аудиенција, која беше одржана во дворот на Апостолската резиденција во Кастел Гандолфо, Папата упати силен апел за населението во Пакистан, кои беа погодени од силни поплави. На катехезата Папата обрна внимание на личноста на Папата Пио Х, чиј празник Католичката црква ќе го одбележи на 21 август.


Во упатениот апел за населението во Пакистан, Папата ги насочи своето внимание кон бројните жртви од поплавите кои што оставија илјадници семејства без дом:

"Ги доверувам на немилосрдната добрина на Бога кон оние кои трагично ги загубија своите животи, изразувајќи ја мојата духовна близина на нивните блиски и сите кои страдаат поради таа природна катастрофа. Нека не недостасуваат нашата солидарност и конкретната помош на меѓународната заедница кон овие наши браќа". 

Во катехезата посветена на Папата Пио Х, Папата истакна некои од неговите карактеристики, кои можат денес да се пример за пастирите и за верниците. Роден во италијанската провинција Тревизо во 1835 година во семејство на земјоделци, Папа Пио Х со секуларното име Џузепе Сарто, е ракоположен за свештеник на 23 годишна возраст. Уште од самиот почеток ја покажува "онаа длабока љубов кон Христос и Црквата, смирение и едноставност, и големо милосрдие кон сиромашните, кои се карактеристка на целиот негов живот". Во 1884 година е назначен за епископ на градот Мантова, а во 1893 година за патријарх на Венеција. На 4 август 1903 година беше избран за поглавар на Католичката црква ", служба, што ја прифаќа со двоумење, бидејќи се смета за недостоен за еден толку голем предизвик". Но годините, рече Папата, покажаа дека овие негови сомневања биле неосновани:

"Папа на Папата Пио Х остави неизбришлив белег во историјата на Црквата и беше карактеризиран со значителни напори за реформи, сумирани во неговиот Мото Instaurare omnia in Christo "Ажурирање на сите нешта преку Христа".


Папата ја заврши својата катеheza со порака до верниците:


"Почитувани браќа и сестри, Свети Пио X не учи дека во основата на нашите Апостолски активности во различните области во кои работиме, треба секогаш да постои постојано и лично заедништво со Христос, кое треба да се гради и расте од ден на ден. Ова е јадрото на неговото поучение и пасторална активност. Само ако сме вљубени во Господа, ќе можеме да ги одведеме луѓето при Бога и да ги отвориме за Неговата љубов немилосрдно и со тоа да го отвориме светот за Божјото милосрдие". 







All the contents on this site are copyrighted ©.